Коџа Дере (река во Катеринско)

река во Катеринско, Егејска Македонија

Коџа Дере (грчки: Βύθισμα, старо Κοτζά Ντερέ) — река во Катеринско, Егејска Македонија.[1]

Коџа Дере
Βύθισμα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКатеринско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоШапка
 • координати40°23′38″N 22°20′55″E / 40.3939° СГШ; 22.3485° ИГД / 40.3939; 22.3485
Устие 
 • место
Солунски Залив
 • координати
40°17′29″N 22°36′39″E / 40.2914° СГШ; 22.6107° ИГД / 40.2914; 22.6107
Особености на сливот
Коџа Дере (река во Катеринско) во рамките на Катерина (општина)
извор
утока

Описание

уреди

Ррката извира од планината Шапка, западно од Радјани под името Смикси (Σμίξη). Тече во југоисточен правец и минува меѓу селата Радјани на север и Колиби на југ. Ги прима левите притоки Мурганолакос и Мурцани. Тука го носи името Цамали или Коџа Дере. Проаѓа меѓу селата Тохово на североисток и Братинички Колиби на југозапад. Излегува од планината кај Горно Иваново, каде го носи името Витисма (Βύθισμα). Оди помеѓу Горно Иваново на север и Турија на југ, ја прима левата притока Статак и тече во Катеринската Рамница во начелен источен правец. Се влева во Солунскиот залив во месноста Ставраетофолија северно од Вромери.[1]

Притоки

уреди

→ лева, ← десна

  • → Мурганолакос
  • → Мурцани
  • → Статак

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“