Которска тврдина
Которската тврдина се наоѓа во Котор, Црна Гора. Во текот на 11 век, градот се наоѓал во составот на Зета под власта на Михаило Воиславлевиќ а подоцна и под Династија Немањиќ. По 1370 година тврдината односно градот бил заземен од страна на унгарскиот крал Лајош I Анжујски, а подоцна повторно била заземена од страна на Стефан Твртко I Котроманиќ. Во 1420 година, градот бил заземен од страна на Венецијанската Република.
Которска тврдина | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Котор |
Земја | Црна Гора |