Коски на прстите
Коските на прстите (латински: ossa digitorum manus) се наречени фаланги 14 на број и претставуваат долги коски.
Коски на прстите | |
---|---|
![]() Фотографија од коските на прстите (фаланги) | |
![]() Фалангите во човечката рака | |
Податоци | |
Зглобови | Metacarpophalangeal, metatarsophalangeal, interphalangeal |
Назнаки | |
Латински | Phalanges |
TA | A02.5.18.001 |
Делови и распоредУреди
Секој прст со исклучок на палецот е составен од три коски- членчиња (латински: phalanges), а палецот од две членчиња;
- на секоја фаланга се разликуваат:
- тело (латински: corpus phalanges);
- два краја: горните и средните фаланги на двата краја имаат зглобни површини, а долните фаланги на долните краеви се рапави.
Метакарпални коскиУреди
Горните краеви на коските на прстите се граничат со метакарпалните коски (латински: ossa metacarpalia) и служат за поврзување на коските на прстите со коренот на дланката:
- претставуваат пет долги коски, означени со редни броеви идејќи од палецот кон малиот прст.
ДеловиУреди
На сите метакарпални коски се разликуваат:
- тело (латински: corpus metacarpales);
- два краја: горните краеви се зглобуваат со долниот ред од карпалните коски, а долните краеви се зглобуваат со првите коски од прстите.
ЗглобовиУреди
Зглобовите на метакарпалните коски и коските на прстите им овозможуваат поврзување со карпалните коски и поврзување со фалангите:
- карпометакарпални зглобови го поврзуваат долниот ред од карпалните коски со горните краеви од метакарпалните коски, со исклучок на зглобот од палецот кој е седлест другите четири зглоба се полуподвижни;
- метакарпофалангеални зглобови ги зглобуваат долните краеви на метакарпалните коски и горните краеви од горните фаланги. Се вршат движења на флексија, екстензија на прстите како и ширење и собирање на прстите;
- интерфагеални зглобови ги поврзуваат меѓу себе фалангите од прстите. Се вршат движења на флексија и екстензија на прстите.
МускулиУреди
Мускули кои помагаат во движење на дланката и прстите:
- латерална група ја сочинуваат четири мускули, кои градат над палецот испакнување наречено тенар и го движат палецот;
- средна група ја сочинуваат единаесет мускули и помагаат во движењето на прстите;
- медијална група ја сочинуваат четири мускули кои градат над малиот прст испакнување наречено хипотенар, учествуваат во движењето на малиот прст.
ГалеријаУреди
Надворешни врскиУреди
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |