Корисник:Mikrosam Akademija 2/Микросам
Вид | Jавна |
---|---|
Дејност | Композитни материјали Автоматика Роботика |
Основано | Прилеп, Република Македонија (1990г.) |
Основач | Благоја Самакоски |
Седиште | Прилеп, Република Македонија |
Опслужувани подрачја | Цел свет |
Клучни личности | Благоја Самакоски, Самоил Самак |
Производи | Advanced filament winding machines Pre-preg making machines Prototype fiber placement machine Customized composites machining centers Integrated manufacturing lines |
Вработени | 80+ |
Мреж. место | mikrosam.com |
Микросам АД
уредиМикросам АД е македонска компанија за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали [1][2]. Таа зема активно учество на многу светски саеми за композитни материјали меѓу кои „JEC Composites Show Paris“[3] и саемот за воздухпловство и вселенска опрема „МАКС“ во Русија[4]. 97% од производството на компанијата е наменето за извоз, а меѓу земјите во кои компанијата извезува се и Русија[5], Кина[5], Германија[5] итн.
Историја
уредиКомпанијата „Микросам“ била формирана во 1990 година во Прилеп, Република Македонија. „Микросам“ е светска конкурентна компанија која произведува машини за современи композитни материјали. По одделувањето на Република Македонија од Југославија како независна држава, локалната индустрија била растурена и продадена. „Микросам“ била формирана во тоа време, како една од ретките приватни компании, со цел производство на високо-технолошки производи и спречување одливот на мозоци од регионот.
„Микросам“ започнала со работа со мал број на инженери и универзитетски професори. Таа одлучила да влезе во индустријата на композити првично како консултант. Почнува да работи на консултирање за дизајн, изработка на електронски компоненти и дизајнирање на машини за производство. Kомпанијата добила успех и почит од својата заедница. „Микросам“ континуирано инвестирала во големи производствени капацитети во насока на развој на софистицирани, специјализирани машини. Оваа одлука била донесена за овозможување целосна контрола над тоа како машината е изградена, од замисла до местото на испорака.
Технологии
уредиТехнологии за производство на композитни материјали кои ги развива Микросам АД се:
- Технологија за намотување влакна (Filament winding)
- Технологија за полагање на влакна (Fiber placement)
- Технологија за полагање на препрег (Tape placement)
- Импрегнирање (Impregnacion technology)
- Технологија за сечење и намотување на препрег (Slicer technology)
Производи
уредиМикросам АД произведува машини за производство на композитен материјал или делови од композитен материјал. Машините ги произведува според желбите и потребите на клиентите, таа нема сериско производство на машини.
Меѓу производите на Микросам АД спаѓаат:
- „MC-10“ машина за обработка и нанесување превлаки за композитни материјали.
- “SCR 2500“ машина за сечење и кaлибрирање на композирани краеви на цевки.
- „Automated Fiber Placement (AFP)“ машина за производство на композитни материјали. Дизајнирана за лабаратории и истражувачки центри.
- „MikroPlace“ офлајн програмирање и анализа.
Академија
уредиМикросам Академијата за таленти била формирана во Јуни 2007 година. Таа работи во склоп на Микросам АД, и се состои од два дела:
- Таленти програмери
- Клуб на талентирани средношколци