Автоматиката е научно-техничка дисциплина што ги проучува системите за регулирање и управување со технолошките процеси во индустријата и изработката со цел да се замени потребата од човечка работна сила[1]. Ако механизацијата се занимава со пронаоѓање на машини кои би ја замениле човечката работна рака, автоматиката се занимава со пронаоѓање на контролни системи кои ќе ги управуваат тие машини.

Автоматиката е присутна во производството на скоро сите производи

Со своето развивање автоматиката денес игра голема улога во светската економија. Инженерите постојано бараат начин како да создадат автоматски уреди со што фабриките ќе вршат поефикасна работа а со тоа ќе заштедат на пари.

Уште поголема можност за проширување на автоматиката лежи во развојот на компјутерите и развојот на компјутерските процеси како што се препознавање на бои, препознавање на говор од страна на компјутерот. Некои посложени работи денес бараат многу делотворно и прецизно извршување на задачите, при што за човекот да ги изврши треба да има експертско знаење што многу потешко се наоѓа. Покрај тоа има и голем дел на работи со кои се става во опасност човечкиот живот. Токму за ваквите работи служи автоматизацијата.

Специјално направените индустриски компјутери, познати како PLC управувачи се користат за да ги примаат влезните податоци од сензорите па соодветно да издаваат излезни наредби кон придвижувачите. Ова резултира со прецизно контролирана работа и супер контрола скоро врз секој индустриски процес.

Од друга страна човекот комуницира со машините преку управувањето на PLC управувачот и задавањето на посакуваните влезни и излезни величини, како и врши контрола врз самата машина.

Одраз врз општеството

уреди

Автоматиката има голем позитивен одраз врз општеството. Некогашните телефонски оператори сега се заменети со големи телефонски табли со прекинувачи и телефонски секретарки. Медицинските процеси како електрична кардиографија, рендгенско снимање како и лабораториските испитувања на гени, крв, клетки и ткива се одвиваат со многу поголема брзина и точност од страна на автоматските системи. Банкоматите во економијата им ја олеснаа работата на банките во задоволувањето на клиентите. Општо земено автоматиката е одговорна за преминот на светската економија во XIX век од земјоделска во индустриска, и во 20 век од индустриска во услужна.

Меѓутоа поради нејзиното брзо развивање и можноста да замени огромен број на работници автоматиката наидува на пречки од самите луѓе кои сметаат дека ќе им ги земе нивните работни места. Некои научници се слагаат со ова мислење, додека други го тврдат спротивното дека автоматиката отвора нови работни места меѓутоа новите работници треба да имаат соодветна вештина да работаат со новите уреди. Меѓутоа точниот одраз на автоматиката врз зголемувањето или намалувањето на работната сила сѐ уште е непознат и не е доволно испитан.

Моментална насока

уреди

Моментално насоката и целта на автоматиката од поранешните цели за намалување на трошоците и зголемување на производството, се пренасоче кон подобрување на квалитетот и брзината на процесите за производство.

Старата насока за намалување на трошоците и зголемување на производството се покажа како краткорочна и неправилна, бидејќи од друга страна требаше да се обезбеди обучени работници кои ќе ги поправаат грешките и ќе ги управуваат машините. Тоа дополнително ја зголемуваше цената на автоматските машини кои многу често не ја покриваа цената платена за нив.

Затоа денес автоматиката се ориентира кон завршување на квалитетна и брза работа. На пр. составувањето на деловите на автомобилот рачно е со грешка од 1-1.5%, но автоматски грешката се намалува на 0,00001%.

Исто така голема промена е во подобрувањето на флексибилноста на процесите. Производителите бараат способност производството да се пренасочи од еден процес кон друг без да ги менуваат фабричката ленти.

Автоматски уреди

уреди
  • ANN - Вештачка невронска мрежа
  • DCS - Дистрибутивни Контролни Системи
  • HMI - Врска човек-машина
  • SCADA - Надгледување, Контрола и добивање податоци
  • PLC - Програмабилен логички управувач

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди