Џесика Ен Симпсон ( родена 10 јули, 1980 година) е американска пејачка, актерка, телевизиска личност, и моден дизајнер чија слава започна во 1999 година. Од тогаш Симпсон има остварено многу снимања на важни настани, гостувањa во неколку телевизиски емисии, лансираше линија на козметички производи, и дизајнираше парфеми, чевли и женски чанти. Се посвети на филантропијата, вклучувајќи ја добротворната организација Оперејшн Смајл (Operation Smile) и турнеја за пречекување на трупите на Организацијата за обединети служби (United Service Organisation),кои се поставени прекуокеанот. Досега има седум хитови на листата на 40 најслушани хитови на списанието Билборд Топ 40 (Billboard Top 40), три златни и два мулти – платинум студиски албуми, со признание од Асоцијацијата на музичката индустрија во Америка (Recording Industry Association of America), од кои четири стигнале до првите десет на списанието за 200 најпродавани музички албуми Билборд 200 ( Billboard 200) во САД. Симпсон беше гостинка со нејзиниот тогашен сопруг Ник Лачеј, во реалното шоу Младенци: Ник и Џесика на каналот Ем Ти Ви (MTV). Во 2008 година се впушти во светот на кантри музиката и го издаде шестиот студиски албум “Дали знаеш” (“Do you know”). Има распродадено 20 милиони плочи насекаде. Вкупната распродажба на плочи на Симпсон во Австралија изнесува повеќе од 426 илјади примероци, и е поставена на 113то место на листата од 1000 уметнички изведувачи на музичката деценија (1980- 2010 година), Асоцијацијата на музичката индустрија во Австралија ( Australian Recording Industry Association). Во 2009 година, списанието Билборд ( Billboard) ја именуваше Симпсон како 95та од сите најдобри изведувачи на деценијата. Симпсон исто така го освои 86то место во списанието за 200 најпродавани музички албуми на Билборд 200( Billboard 200).

Младост

уреди

Симпсон е родена во Абилен, Тексас, ќерка на Тина Ен (родена како Дру) и Џо Трует Симпсон кој е министер и психолог. Пејачката Ешли Симпсон е нејзината помлада сестра. Како дете, почнала да пее во локалната Баптистичка црква. На дванаесет години се пријави на аудиција во телевизиското шоу “Клубот на Мики Маус” (The Mickey Mouse Club) која беше неуспешна. Додека следеше настава во средното училиште “Џеј Џеј Пиарс” (“J.J. Pears”), таа потпиша за Проклејм Рекорд (Proclaim Record), помала музичка куќа за Госпел музика. Сними албум насловен по неа, “Џесика” (“Jessica”), но Проклејм банкнотираше и албумот никогаш не беше официјално издаден, освен со мало финансиско притискање од страна на нејзината баба. Сепак, со ова мало притискање освои помалку внимание и одржуваше концерти со други пеачи како Кирк Френклин, госпел хорот Год’с Проперти (God’s Property), и Сиси Винанс. Симпсон го напушти училиштето на шеснаесет години (подоцна ја зеде дипломата за средно образование), и потпиша договор со музичката куќа на Колумбија Рекордс (Columbia Records), откако менаџерот Томи Мотола го слушна албумот “Џесика” (“Jessica”).

Кариера

уреди

1999 – 01 година: “Слатки бакнежи”(“Sweet Kisses”) и “Неодолива”(“Irresistible”)

уреди

Симпсон го издаде својот прв сингл “Сакам да те сакам засекогаш”(“I wanna love you forever), кој достигна до 3 место на 100 најслушани песни на списанието Билборд 100 ( Billboard 100) во 1999 година и се искачи меѓу првите десет во десет земји. Набргу, беше издаден нејзиниот голем дебитен албум “Слатки бакнежи”(“Sweet Kisses”). За да го поткрепи албумот, Симпсон направи турнеја со Рики Мартин и музичкиот бенд 98 Дигрис (98 Degrees). Во меѓувреме, албумот “Слатки бакнежи”(“Sweet Kisses”) освои двоен платинум, со помош на следните синглови “Каде си” (“Where you are”) и “ Мислам дека сум вљубена во тебе” (“I think I’m in love with you”), кои беа издадени во 2000 година. “Каде си” (“Where you are”) стана најголемиот радио хит на Симпсон во тоа време, и беше нејзиниот прв издаден сингл кој беше на врвот. Нејзиниот дебитен албум се продаде во 2 милиони примероци во САД и 4 милиони во светот. Менаџерите на Колумбија Рекордс (Columbia Records) наводно одлучиле дека на нејзиниот албум му треба промена. Следната година кога Симпсон требаше да го снима вториот албум, менаџерите ја натерале да се појави со посексуален имиџ. Во 2001 година, Симпсон го сними следниот албум кој Колумбија Рекордс (Columbia Records) го сметаше за повеќе слушан кој содржеше песни со позабрзано темпо. “Неодолива”(“Iressistible”) беше издаден кон средината на 2001 година, со првиот сингл од насловната. “Неодолива” (“Irresistible”) стана еден од нејзините најголеми хитови, се искачи на 15то место на листата на 100 најслушани песни и го задржа тоа место 20 недели. Синглот се искачи на второ место во Белгија и беше на врвот на 20те најслушани хитови во дванаесет земји. “Неодолива”(“Irresistible”) се искачи на шестото место на 200 најслушани албуми во јуни 2001 година, на списанието Билборд 200 (”Billboard 200”), со 127 илјади продадени примероци во првата недела и доби признание за златен албум со продажбата на 500 илјади примероци во петтата недела. “Неодолива” (“Irresistible”) беше продаден во 850 илјади примероци во САД до денес, и 3 милиони примероци во светот. Синглот “А литл бит”(“A Little Bit”) беше вториот издаден сингл од албумот но не беше на листата на најслушани синглови. Како поткрепа на албумот, Симпсон имаше турнеја кон средината на август, турнејата “Бркање соништа” (“Dream Chaser Tour”), но поради нападите на 11 септември не можеше да ја заврши турнејата.

2002 – 05 година: “Младенци”, “Во оваа кожа” (“In This Skin”) и филмска кариера

уреди

Во текот на летото 2003 година, реалното шоу “Младенци: Ник и Џесика” почна да се емитува на програмата на Ем Ти Ви (MTV) со Симпсон и нејзиниот тогашен нов сопруг Ник Лечеј во главните улоги. Третиот албум на Симпсон, “Во оваа кожа” (“In This Skin”), беше издаден во август 2008 година за да се совпадне со премиерата на “Младенци”. Шоуто набрзина стана феномен на поп културата, дури и помеѓу оние кои не следеа поп музика или Ем Ти Ви (MTV). “Никогаш не мислев дека учеството во шоуто ке ми ја даде таа основа да нагазам” изјави Симпсон за музичкото списание Блендер (“Blender”) во статија за март 2004 година. “Во оваа кожа” (“In This Skin”) се искачи на 10то место на листата на 200 најслушани албуми на списанието Билборд 200 (Billboard 200), со продадени 64 илјади примероци во првата недела. Откако беше издаден вонредниот тираж на колекционери, подоцна скокна на второто место со 157 илјади продадени примероци таа недела. Ја содржеше песната “Најслаткиот грев” (“Sweetest sin”) која дури едвај изврши некое влијание врз неделната листа на 100 најслушани синглови “Баблинг Андр Хот 100 (“Bubbling Under Hot 100”). Сепак, овој албум ги содржеше хит – сингловите “Со Тебе” (“With You”) на 14 место во 2004 година,обработка на “Остави ме без здив” (“Take My Breath Away”) од Берлин, и помал хит, обработка на песната “Ангели” (“Angels”) од Роби Вилијамс, која не стигна на листата на 100 најслушани хитови на списанието Билборд Хот 100 (Billboard Hot 100). Во декември 2004 година, албумот доби признание за троен мулти - платинум од страна на Асоцијацијата на музичката индустрија во Америка (Recording Industry Association of America). Според биографијата на Симпсон, албумот во тој период бил продан во 4 милиони примероци во САД. Двојката гостуваше во специјалното телевизиско издание “Д’ Ник енд Џесика Варајати Ауар” (“The Nick and Jessica Variety Hour”), кое се емитуваше во 2004 година, и беше споредено со “Шоуто на Сони и Шер” (“The Sony & Cher Show”). Во 2005 година, “Младенци” (“Newlyweds”) победи на шоуто “Наградите според изборот на публиката” (“People’s Choice Awards”) за омилено реално шоу. Симпсон го издаде и албумот “Реџојс” (“Rejoyce”): “Божиќниот Aлбум” (“The Christmas Album”) кон крајот на 2004 година, кој се искачи на 14то место на листата на најслушани албуми и подоцна беше признаен за златен албум. Симпсон се појави во песна на “Војводите од Хазард” (“Dukes of Hazzard”), издавајќи ја “Овие чизми се направени за одење” (“These Boots Are Made for Walkin”), обработка на хитот на Ненси Синатра од 1966 година. Песната се искачи на 14то место на листата на 100 најслушани песни на Билборд Хот 100 (Billboard hot 100) и победи на “Наградите според изборот на публиката” во 2006 година, за омилена песна од филм. Во спотот на песната Симпсон беше претставена како Дејзи Дјук. Содржи сцени во кои таа пее и флертува во бар а потоа ја пере колата на Генералот Ли, при што носи припиено розево бикини. Во некои држави спотот е забранет поради неговата преголема сексуална содржина. Симпсон беше критикувана од христијанска група која се нарекува себеси “Отпорност” (“The Resistance”), за сексуалниот имиџ во спотот на “Овие чизми се направени за одење” (“These Boots Are Made for Walkin”). Како одговор таа изјави “Не ме изненади многу бидејќи израснав со многу такви реакции. Поради тоа не престанав да се впуштам во Христијанската музичка индустрија. Мислам дека ако тие се навистина добри христијани, тогаш не би имало критики.” Во летото 2005 година, Симпсон првпат се појави во филмската индустрија како Дејзи Дјук, во филмската верзија на телевизиската серија “Војводите од Хазард” (“The Dukes of Hazzard”). Филмот беше на прво место во билетарниците за време на неговата премиера и заработи 30.7 милиони долари со гледаност на 3.785 екрани. Исто така имаше прилагодено парична вредност за 14 место цело време во изданијата за Август. На крај, филмот заработи 110.5 милиони долари низ целиот свет, иако надвор од САД беше помалку успешен од финансиска гледна точка.

2006 – 07 година: “Јавна Афера” (“A Public Affair”) и “Работник на месецот” (“Employee of the Month”)

уреди

Во 2006 година, Симпсон се врати во музичкото студио, заменувајќи ја музичката куќа Колумбија Рекордс (Columbia Records) со Епик Рекордс (Epic Records). На 29 август 2006 година, го издаде четвртиот албум “Јавна Афера” (“A Public Affair”), албумот се искачи на 5то место на листата на 200 најслушани албуми на Билборд 200 (Billboard 200), со 101 илјади продадени примероци во првата недела и остана 10 недели на листата на Билборд (Billboard). Албумот се продаде во 300 илјади примероци во САД и 800 илјади примероци во светот, што е малку во споредба со нејзините претходни албуми. Првиот сингл од албумот насловен со истото име “Јавна Афера” (“A Public Affair”), се искачи на 39то место, нејзино највисоко деби, после хитот “Овие чизми се направени за одење” (“These Boots Are Made for Walkin”), кој беше на 14то место на листата на најслушани хитови на Хот 100 (Hot 100), синглот се најде и на 1то место на листата на танц хитови Хот Денс Клаб Плеј (Hot Dance Club Play). Меѓународно, се искачи на Топ 10 листата во Канада и Ирска. Во спотот се појавуваат Ева Лонгорија, Кристина Аплгејт, Кристина Милан, Марија Менунос, [[Енди Дик и Рајан Сикрест. Тоа беше нејзин најуспешен спот на каналот за популарни музички спотови Ти- Ер- Ел (TRL), кој се искачи на 2то место и се задржа 28 дена. Вториот и последен сингл од албумот беше “Си припаѓам себеси” (“I Belong To Me”), кој победи со гласање на веб страницата. Беше издаден на 26 септември и се искачи на 110то место во САД. Спотот за синглот се појави на листата за одбројување на најбараните спотови на каналот Ти- Ер- Ел (TRL), но набрзо испадна. Вториот филм на Симпсон, “Работник на месецот” (“Employee of the Month”), беше издаден на 6 октомври 2006 година. Филмот заработи 1,8 милиони долари на неговата премиера, со слаба гледаност, искачувајќи се на 4то место токму зад анимираната авантуристичка комедија “Отворена Сезона” (“Open Season”). Во декември 2006 година, додека оддаваше почит на Доли Партон на годишната манифестација за награди на центарот “Кенеди” (“Kennedy Center Awards”), таа го помеша текстот имајќи трема пред публиката која вклучуваше познати личности како Стивен Спилберг, Шанаја Твејн и Претседателот Џорџ Буш. Иако имаше шанса да ја повтори песната за камерите, нејзиниот дел беше изменет на емитувањето на каналот Си-Би-Ес (CBS). Во септември 2007 година, Симпсон глумеше со Лук Вилсон во нејзиниот трет филм “Русокоса Амбиција” (“Blonde Ambition”). Филмот беше изложен во осум театри во Тексас (родниот крај на Симпсон и Вилсон) и заработи 6,422 илјади американски долари. Беше издаден на ДВД во јануари 2008. “Рускокоса Амбиција” (“Blonde Ambition”) помина подобро надвор од државата, каде заработи 253. 008 илјади долари на премиерата во Украина.

2008 – 09 година: Се префрла на кантри и “Дали знаеш” (“Do You Know”)

уреди

Во септември 2007 година, Џо Симпсон, таткото на Симпсон изјави за списанието “Луѓе” (“People”) дека Симпсон планира да снима кантри албум. Џо Симпсон изјави дека таа зборува за снимање на кантри музика и да се врати на нејзините корени од Тексас. “Дојди” (“Come On Over”) прво се појави на интернет на 27 мај, 2008 година. Набргу откако кантри радио станиците почнаа да го пуштат синглот на радио. “Дојди” (“Come On Over”) стана најслушана песна на кантри радиото од 6 јуни, 2008, искачувајќи се на 41то место на листата на најслушани кантри песни на Билборд Хот Кантри Сонгс (Billboard Hot Country Songs). Го сруши рекордот кој го држеа Миранда Ламберт со “Ми енд Чарли Толкинг” (“Me and Charlie Talking”) и Бред Котер “Мислев да” (“I Meant To”) за највисоко деби на листата, изведени од соло артист. Спотот за првиот сингл “Дојди” (“Come On Over”), беше промовиран на официјалната веб страница на Симпсон во јули 2008 година. Синглот се искачи на 18то место нa листата на најслушани кантри песни на Билборд Хот Кантри Сонгс (Billboard Hot Country Songs). За да го промовира албумот, Симпсон настапуваше на одредени државни саеми и посети разни кантри радио станици. Кантри албумот насловен “Дали знаеш” (“Do You Know”) беше издаден на 9 септември, 2008 година. Целиот албум се појави на интернет на 28 август, 2008 година. Албумот се искачи на прво место на листата на најслушани кантри албуми на Билборд Топ Кантри Албумс (Billboard Top Country Albums), како во САД така и во Канада со што Симпсон го доби својот прв албум во нејзината кариера кој беше на прво место. Таа започна со американскиот кантри музички бенд Раскал Флатс (Rascal Flatts) на нивната турнеја “Боб Дет Хед Тур” (“Bob That Head Tour”), од 17 јануари до 14 март, 2009 година. Вториот сингл од албумот “Запамти го тоа” (“Remember That”), беше издаден на кантри радио на 29 септември, 2008 година. Синглот се искачи на 42то место на листата на најслушани кантри песни на Билборд Хот Кантри Сонгс (Billboard Hot Country Songs), и испадна од листата кон крајот на декември, 2008 година. Третиот сингл од албумот беше “Моли се гласно” (“Pray Out Loud”), кој не влезе на листата. Следниот филм на Симпсон, “Главна Филмска Ѕвезда” (“Major Movie Star”) – подоцна преименуван во “Војникот Валентајн: Плава и опасна” (“Private Valentine: Blonde and Dangerous”), беше издаден директно на ДВД, на 3 февруари, 2009 година. На 7 април, портпаролот на Симпсон потврди за неделното списание за трачеви Ју- Ес Викли (US Weekly) дека таа и музичката куќа Сони Нешвил (Sony Nashville) се разделуваат.

2010 година – до денес: Враќање во телевизиското Реално шоу и Честит Божиќ (Happy Christmas)

уреди

Во интервју за новото издание на женското списание за убавина Алур Магазин (Allure magazine) за 2010 година, Симпсон изјави дека работи на нов албум. Албумот ќе го раскине договорот со нејзината музичка куќа. Исто така изјави и дека ќе изведе некои од песните на албумот. Симпсон беше гостинка во емисијата “Цената на убавината” (“The Price of Beauty”) на каналот Ви- Ејч1 (Vh1), која почна да се емитува на 15 март, 2010 година. Извршните продуценти се Симпсон и нејзиниот татко Џо Симпсон. Во интервју за мартовското издание на женското списание Алур Магазин за 2010 година, таа кажа дека бара по интелектуални улоги. Беше главна гостинка на хит шоуто Придружба (Entourage) на 1 август, 2010 година. Нејзината прва најголема збирка, насловена Плејлиста: Најдоброто од Џесика Симпсон (Playlist: The Very Best of Jessica Simpson) беше издадена на 12 октомври, 2010 година. Подоцна Симпсон откри дека работи на втор, божиќен албум, насловен Честит Божиќ (Happy Christmas). Беше издаден на 22 ноември 2010 година, со продадени 10.153 илјади примероци во првата недела и се искачи на сто дваесет и третото место на листата на најслушани албуми на Билборд 200 (Billboard 200), со што Симпсон беше на најниското место во САД. На 25 ноември,2010 година, Џесика се појави на телевизиската мрежа Ен-Би-Си (NBC) на парадата за Денот на благодарноста, во организација на стоковната куќа Мејсис. (Macy’s Thanksgiving Day Parade). На 30 ноември, 2010 година, се појави на телевизиската мрежа Ен-Би-Си (NBC) на годишната прослава на Божиќ во Рокефелор центарот. (Christmas in Rockefellar Center).

Други проекти

уреди

Козметика и облека

уреди

Козметичката линија “Џесика Симпсон Дезерт од Џесика Симпсон” беше лансирана во април 2004 година, откако ко-основачите Ренди Шиндер и Симпсон дизајнираа линија од парфем, сјај за усни и други производи за убавина под етикетата на Дезерт Бјути. Споредна линија наречена Дезерт Чритс (Dessert Treats) беше лансирана следната година, во февруари 2005 година. Новата линија беше продавана на многу помлада публика. Симпсон и стилистот Кен Павес лансираа линија од производи за коса и убавина на телевизиската мрежа за купување, Хоум Шопинг Нетворк (Home Shopping Network). Симпсон ја произведе и Колекцијата на Џесика Симпсон, во која таа дизајнира и продава линија од ташни и (главно на висока потпетица) чевли и чизми. Линијата за долна облека, Џесика Симпсон Интимејтс (Jessica Simpson’s Intimates) почна да се продава во големи стоковни куќи и страници за купување преку интернет, пролетта 2009 година. Симпсон лансираше линија на парфем. Нејзиниот парфем беше произведен од компанијата Парлекс Фрагренсес (Parlyx Fragrances). Нејзиниот деби парфем, Фенси (Fancy), беше лансиран во 2008 година. Успехот на Фенси доведе до уште два парфема, Фенси Лав (Fancy Love) и Фенси Најтс (Fancy Nights).

Реклами

уреди

Симпсон направи реклама за американскиот ресторан за пица, Пица Хат (Pizza Hut), третманите за акни, Проактив Солушн (Proactiv Solution) и реклама за бонбони на Ајс Брејкерс (Ice Breakers) со нејзината сестра Ешли. Во 2005 година, таа почна со рекламирање на Проактив Солушн. Во 2006 година, таа се појави во друга реклама на Пица Хат за емитувње на рекламата за вода Супер Боул Екс-Ел (Super Bowl XL). Ја испеа “ Дис Бајтс Ар Мејд Фор Попин” (“These Bites Are Made For Poppin”) во однос на песната “Овие чизми се направени за одење” (“These Boots Are Made For Walkin”), да ја рекламира новата пица Чизи Бајтс Пица (Cheesy Bites Pizza). Во 2007 година, Супер Боул ја објави својата трета реклама на Пица Хат, која повторно ја промовираше пицата Чизи Бајтс Пица. Таа исто така рекламираше за американската телевизиска сателитска мрежа Дајрек Ти Ви (DirecTV) во улога на Дејзи Дјук.

Филантропија

уреди

Симпсон е меѓународен младински амбасадор на добротворната организација Оперејшн Смајл (Operation Smile). Во март 2007 година, Симпсон донираше нов Крајслер (Chrysler) џип на сиротилиштето Елим во Нуево Ларедо (Nuevo Laredo). Таа освои спортски автомобил Крајслер Кросфајр (Chrysler Crossfire) на музичките видео награди на програмата на Ем-Ти-Ви (2006 MTV Video Music Awards) во 2006 година, но го земени луксузниот автомобил од 50 000 илјади долари за џип за да помогне на сиротилиштето.

Критика и расправа

уреди

Симпсон, која го поддржи Џорџ Вашингтон Буш за претседател во 2004 година, но подоцна беше кажано дека го “укорила” со тоа што не се појавила на републичкиот настан за собирање средства во 2006 во главниот град на САД, Вашингтон Ди Си (Washington D. C.). Менаџерот Џо Симпсон изјави дека иако тој и Џесика се “големи симпатизери” на претседателот кој ги поканил, тие сметале дека е несоодветно да се присуствува на политички настан за собирање на средства. Во јуни, 2008 година, Симпсон беше видена со момчето Тони Ромо која носела маица на која пишувало “Вистински девојки јадат месо”(Real Girls Eat Meat”). Беше гледано како критика за бившата девојка на Ромо, Кери Андервуд, која е вегетеријанка. Организацијата за заштита на правата на животните ПЕТА (PETA- People for the Ethical Treatment of Animals), ја критикуваше Симпсон изјавувајќи “Погрешното работење со месна гардероба на Џесика Симпсон ни прави задоволство што никој не ја прашува за совет за исхрана. Пилешко од морето, некој? Жената која мислеше дека “крилјата” на биволот доаѓаат од биволите, ќе заработи од некоја добра вегетеријанска храна за мозокот. На 19 јули 2008 година, Симпсон настапи на фестивалот Кантри Тандер (Country Thunder Festival) во Висконсин (Wisconsin). Беше исвиркана од публиката и имаше слаб пречек од критичарите на кантри музика. Таа одговори велејќи, “Не знам какво е вашето сваќање за Џесика Симпсон или кои таблоиди ги купувате, но само сакам да знаете дека јас сум само девојка од Тексас, иста сум како вас. Го работам тоа што го сакам и излегувам со момче.”

Приватен живот

уреди

Брак со Ник Лечеј

уреди

Во 1999 година, таа почна да се гледа со членот на групата 98 Дигрис (98 Degrees), Ник Лечеј. По две години заедно, нивната врска се олади. По нападите на 11 септември, тие се смирија. Симпсон изјави, “По нападите на 11 септември, знаев дека никогаш не сум сакала да бидам далеку од Ник, никогаш, до крајот на мојот живот.” На 26 октомври 2002 година, Симпсон се омажи за Ник Лечеј. Таа гордо изјави дека останала девица се до бракот. Во ноември 2005 година, Симпсон и Лечеј изјавија дека се разделуваат, со претпоставки во таблоидите со месеци. Симпсон пополни барање за развод на 16 декември, 2005 година, наведувајќи ги “непомирливите разлики”. Разводот на двојката беше објавен насекаде и беше завршен наводно на 30 јуни, 2006 година. Симпсон во октомври 2006 година, изјави за списанието Џејн (Jane) дека знаела дека нејзиниот брак е завршен кога тој одбил да ја придружува на нејзиното патување за добротворни цели во Африка, иако тоа било на нивната три годишнина од бракот. Двојката ја продаде нивната палата Калабасас (Calabasas), во која беше снимено шоуто Младенци (Newlyweds) на Џастин Барфилд, ѕвезда на телевизиската комедија Малколм ин д Мидл ( Malcolm in the Middle) за неоткриена сума. На 6 февруари 2007 година, новинската служба Асошиејтед Прес (Associated Press) соопшти дека Симпсон изјавила дека била запрепастена кога нејзиниот бивш маж сакал повторно да и се врати, по нивната голема разделба. “Ох, тоа боли”, изјави 26 годишната пеачка и актерка во интервју за мартовскиот број на женското списание за мода Ел (Elle). “ Две или три недели подоцна? Да, би рекла дека некако ме боли”.

Други врски

уреди

Симпсон доби зголемен публицитет по нејзиниот развод, наводно имала романси со ѕвездата Дејн Кук (Dane Cook) од филмот “Работник на месецот” (Employee of the Month) и водачот на групата Марун Фајв (Maroon 5), Адам Левин. Симпсон имала и врска со раскинувања со музичарот Џон Маер. Гласините за врските почнале во август 2006 година, во статија од списанието “Луѓе” (People), но започнале со будно набљудување кога Симпсон и Маер ги поминале новогодишните празници заедно во Њујорк, двајцата присуствувале на новогодишната забава на Кристина Агилера. (New Year’s Eve 2006). Двојката се разделила конечно во мај 2007 година. Во ноември 2007 година, Симпсон почна да излегува со Тони Ромо, квотербекот на Далас Каубој (Dallas Cowboy). Врската беше оспорена од некои од обожавателите на Далас Каубој, со тоа што таа била обвинета за слабите фудбалски настапи на Ромо. Некои од обожавателите и го дал прекарот “Јоко Ромо”, во споредба на Јоко Оно,јапонскиот музичар, кој многу обожаватели на Битлси го обвиниле за “пропаѓањето” на Џон Ленон. Во интервју за дневниот печат Форт Ворт Стар -Телеграм (Forth Worth Star-Telegram), поранешниот играч на рагби изјави, “Кога само Тони би ме побарал и ми рече: ”Тери, Џесика и јас ке одиме во Мексико, јас би му рекол: “Луд ли си? Не прави го тоа! Папараците ќе ве најдат, човеку. Ти си ѕвезда. Таа е ѕвезда. Тоа ќе се случи”. Дури и Претседателот Буш, на шега ја оправда “Баксузната Џесика”, откако фудбалскиот тим Џајантс (Giants), замина да го победи тимот на Супер Боул (Super Bowl), во 2008 година. За време на приемот на победничкиот тим во Белата Куќа, претседателот духовито одговори: “Ќе ја пратиме Џесика Симпсон на претседателските договори за кандидирање, Демократ Нешонал Конвеншн (Democratic National Convention). На 13 јули 2009 година, списанието “Луѓе” (People) објави дека Ромо и Симпсон ја раскинале нивната врска.

Во мај 2009 година, Симпсон почна да излегува со поранешниот играч од фудбалската лига Ен Еф Ел (NFL- National Football League),Ерик Џонсон, кој се разделил од неговата жена Кери Џонсон, по пет години брак. Разводот на Џонсон беше завршен на 7 октомври 2010 година. На 14 ноември 2010 година, Симпсон ја најави својата свршувачка со Џонсон. 

Филмографија

уреди
Година Филм Улога Белешки
2002 “Сопственикот на маската” Таа лично Кратко појавување
2005 “Војводите од Хазард” Дејзи Дјук Деби филм
2006 “Работник на месецот” Ејми Ренфро
2007 “Русокоса Амбиција” Кејти Грегерстич
2008 “Љубовен Гуру” Таа лично Кратко појавување
2008 “Војник Валентајн: Плава и опасна” Војник Меган Валентајн
Година Наслов Улога Белешки
2003-2005 Младенци: Ник и Џесика Таа лично Реално ТВ шоу
2004 Џесика Џесика Сампсон Пилот- Никогаш емитуван

Еј- Би- Си (ABC) првобитно ги откупила сериите во февруари 2004, но ги откажала во мај 2004

Д’ Ник енд Џесика Варајати Ауар (The Nick and Jessica Variety Hour) Таа лично Специјално смешен скеч
Семеен Божиќ на Ник и Џесика Таа лично Специјална празнична музика
2010 Цената на убавината Таа лично Реално ТВ шоу
Телевизиски гостувања
Година Наслов Улога Белешки
2000 98 Дигрис (98 Degrees) – Се мое Таа лично “Музичко Видео”
2002 Шоу од 70те Анет "Одење во Калифорнија" (прва епизода, петта сезона)
2003 "Ќе дојде твоето време" (епизода 13, петта сезона)
"Душо ќе те напуштам" (епизода 14, петта сезона)
Светот на мистериите Миранда Еванс "Збирката" (Прва сезона, Епизода 38)
2007 Вили Нелсон – Не мислиш дека сум забавна повеќе Таа лично “Музичко Видео”
2009 Ај Гет Дет А Лот (I Get That A Lot) Компјутерски техничар Специјално издание (една епизода)
2010 Придружба Таа лично Седма сезона, петта епизода, (една епизода)
Пи-Би-Ес (PBC) Божиќно издание Таа лично Специјално издание
    ==Дискографија==

• Слатки Бакнежи (Sweet Kisses) - 1999 година • Неодолива (Irresistible) - 2001 година • Во оваа кожа (In This Skin) – 2001 година • Реџојс: Божиќниот албум ( Rejoyce: The Christmas Album) – 2004 година • Јавна афера (A Public Affair) - 2006 година • Дали знаеш ( Do you know) - 2006 година • Честит Божиќ (Happy Christmas) - 2010 година

    ==Турнеи==

• Хит Ит Ап Тур (Heat It Up Tour) - 2000 година • Ем- Ти- Ви / Ти- Ер- Ел Тур (MTV TRL Tour), одбрани датуми пред нејзината водечка турнеја - 2001 година • Бркање соништа ( Dream Chaser Tour) – 2001 година • Реалити Тур (Reality Tour) - 2004 година • Тур оф Дјути (Tour of Duty) – 2005 година • Боб Дет Хед Тур (Bob That Head Tour) – 2009 година