Корисник:Горјан Грнчаровски/Едмунд Бурк

Едмунд Бурк[1] уреди

 
Едмунд Бурк
Лични податоци
Роден(а) јануари 12, 1730(1730-01-12)
Даблин, Ирска
Починал(а) јули 9, 1797(1797-07-09)
Беконсфилд , Велика Британија

Едмунд Бурк (Edmund Burke) 12 Јануари 1730 – 9 Јули 1797 бил ирски државник роден во Даблин, исто така и писател, оратор и политички филозоф, кој по преселувањето во градот Лондон (1750) служел и како пратеник во Парламентот на Англија во период од 1766 до 1794 во Долниот дом.

Бурк бил многу влијателен во политичката сфера во Велика Вританија, тој ги застапувал ставовите на црквата и давал важност на религијата како дел од моралниот живот.[2] Овие негови гледишта се прикажани во неговата книга „A Vindication of Natural Society“. Бурк го критикувал Британскиот третман кон американските колонии, вклучувајќи ги и нивните даночни политики. Тој е познат како голем поддржувач на правата на колонистите кој сметал дека тие треба да се спротистават на градските власти. Иако тој е познат и како противник на постигнувањето на независност од страна на слободните фармери. Едмунд Бурк ќе биде запаметен по големата поддршка кој ја дал на Католичката еманципација, импичментот на Ворен Хастинг и по цврстото негово спротивставување кон успехот на Француската револуција.

Во книгата Reflections on the Revolution in France[3], Бурк вели дека француската револуција го уништува ткивото на доброто општество, традиционалните институции на државата, и го осудува прогонот на Католичката црква кој резултирал од револуцијата. Ова ќе го направи да стане клучна политичка фигура во кругот на конзервативците. Неговиот политички противник бил Чарл Џејмс Фокс[4].

Во деветнаесестиот век, Бурк ќе добие јавно признание за неговото значење во сферата на политиката од страна на конзервативците, но и од либералите. Потоа, во дваесестиот век тој ќе биде широко прифатен како основач на модерниот конзервативизам.

  1. „Edmund Burke“. Wikipedia (англиски). 2018-01-03.
  2. Bourke, Richard (2015). Empire and Revolution: The Political Life of Edmund Burke. (Princeton University Press).
  3. „Reflections on the Revolution in France“. Wikipedia (англиски). 2018-01-09.
  4. J. C. D. Clark. Burke lived before the terms "conservative" and "liberal" were used to describe political ideologies,1660–1832. (Cambridge University Press 2000. стр. 5, 301.