Кориолан (филм)

филм

Кориолан (англиски: Coriolanus) е британски филм од 2011 година, во режија на Ралф Фајнс. Главните улоги ги толкуваат: Ралф Фајнс, Џерард Батлер, Џесика Частејн и Ванеса Редгрејв.

Содржина

уреди

Кориолан е римски војсководач и јунак, човек со тврди ставови, кој се спротивставува на демократските промени. Поради тоа, тој го навлекува гневот на сиромашните римски граѓани. Тој применува политички манипулации, сакајќи да се избори за местото на конзул, но наместо тоа, тој ќе биде протеран од Рим. За да се одмазди, Кориолан се здружува со неговиот личен непријател, Тулиј Ауфидеј, па нивните две војски маршираат кон Рим со цел да го разурнат.[1] [2]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 22.
  2. „Кориолан“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 15.