Корболе (Долно Ѓуѓанци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Корболе

Карта

Местоположба 41°46′54″N 21°59′44″E / 41.78167° СГШ; 21.99556° ИГД / 41.78167; 21.99556
Основни податоци
Место Долно Ѓуѓанци
Општина Свети Николе
Тип

 могила


Период железно време
Портал „Археологија“

Корболе — тумули од железното време кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. На околу 600 м северно од местото каде што патот за селото се одвојува од патот Св. Николе-Куманово, на еден гребен се наоѓаат два тумула. Тумулот 1, кај мештаните познат уште под името Вршник, има неправилна кружна основа со димензии од 17 × 14 м и височина од 2,5 м. Тумулот 2 лежи 100 м североисточно од првиот и е со издолжена основа од 7 × 5 м и височина од 0,60 м. Северната половина му е оштетена од површински копања, така што во центарот се гледаат неправилно нафрлени камења[1].

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069