Корални гребени во Индија

Коралните гребени во Индија се еден од најстарите и динамични екосистеми на Индија. Коралните гребени не само што обезбедуваат засолниште на огромен број морски животи, туку и играат клучна улога во заштитата на крајбрежјето од ерозија. Индија има околу 7517 км крајбрежје, вклучувајќи острови, но континенталното копно е 6100 км.

Обична риба-кловн

Список

уреди
Сместени во Бенгалскиот Залив, исклучиво плитки гребени од околу 572 острови, повеќето од овие острови имаат здрава биоразновидност.[1]
Ексклузивно се состои од плитки гребени. Гребените се релативно помалку развиени заради голем опсег на температура и висока соленост. Пристаништата имаат помала биоразновидност. Целиот Качки Залив е познат и како морски национален парк.[2]
  • Манарски Залив
Плитки гребени со ланец од 21 остров од Рамесварам на север до Тоотукуди (Тутикорин) на југ. Овој дел од заливот е дел од Биосферниот резерват Манарски Залив.[3]
Ексклузивно корални атоли со 36 острови, од кои 10 се населени. Островите се движат од помалку од 1 км до околу 9 км во должина и не надминуваат 2 км во ширина.[4]
  • Други
Таркарли во Малван, Махараштра е помал гребен. Постојат некои корални гребени околу малите влезови во западниот дел на Камбатскиот Залив. Брегот Ангрија е корален гребен во близина на Виџајдург во Махараштра. Постои корален гребен на Островот Нетрани во Карнатака. Школков гребен во Качкиот Залив е гребен во облик на школка направен од био карпа и украсен со корали во длабоките води на Качкиот Залив, на гуџаратското крајбрежје. Тоа им помага на коралните полипи да се лечат 20% побрзо од вообичаеното. Во близина на морето има корален гребен помеѓу брегот на Чандрабхага и Рамачанди во областа Конарк во Одиша.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Planning Commission of India (2008). Andaman and Nicobar Islands Development Report. State Development Report series (illustrated. изд.). Academic Foundation. ISBN 81-7188-652-3. Посетено на 21 јуни 2020.
  2. Apte, Deepak. „Marine National Park, Gulf of Kutchh: A conservation challenge“ (PDF). Bombay Natural History Society: 26–27. Архивирано од изворникот (PDF) на 25 септември 2007. Посетено на 21 јуни 2020. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. UNDP (1994). „Conservation and Sustainable-use of the Gulf of Mannar Biosphere Reserve's Coastal Biodiversity“ (PDF). UNDP, Project Brief, New York. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 јули 2011. Посетено на 21 јуни 2020.
  4. „Location, Area and Population“. lakshadweep.nic.in. Архивирано од изворникот на 12 мај 2012. Посетено на 21 јуни 2020.

Дополнителна литература

уреди