1. F0DC82"
  1. F0DC82"
Копитести краби
Копитеста краба: дорзален и вентрален изглед
Limulus polyphemus
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Потколено: Chelicerata
Ред: Xiphosura

Копитестите краби или ракоскорпии (Xiphosura) се членконоги кои припаѓаат на поттипот Chelicerata. Овие животни биле бројни за време на Камбриумот па сè до Перм, но денес постојат само пет видови кои практично се несменети од оние пронајдени од времето на Тријас.[1] Сепак, најпознат вид е Limulus polyphemus. Тие се релативно големи и растат до 50 cm должина. Женките се поголеми од мажјаците. Нивниот карапакс (грбен хитински штит) е дебел и со копитеста форма. Истиот го прекрива прозомот и ги затскријува екстремитетите. Исто така, карактеристична е и долга мечовидна опашка (која е всушност последниот телесен сегмент наречен телзон) што завршува со боцка. Оттука всушност и доаѓа името на редот, од грчкото xiphon – меч. Педипалпите (екстремитетите за одење) и првите три пара на екстремитети се хелатни (завршуваат со клешти). Дишат преку листести бели дробови и имаат пар на дорзални сложени очи, како и пар на прости очи, а имаат и фоторецептори во нивните опашни боцки. Нивните ларви се многу слични на изумрените трилобити.

Копитестите краби (ракоскорпиите) ги населуваат плитките морски води и се ноктурни. Се хранат со црви, школки и други мали мекотели. Во сезоната на парење тие излегуваат на брегот кога има висока плима. Женката копа дупка во песокот и ги положува јајцата. Мажјаците приоѓаат до ископаната песочна дупка и ги оплодуваат јајце-клетките. Ларвите се изведуваат при висока плима.

Наводи уреди

  1. Angier, Natalie (June 10, 2008). „Tallying the Toll on an Elder of the Sea“. New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на June 11, 2008.