Контура на тонот
Контурата на тонот е тон во еден тонски јазик кој се менува од една висина на друга преку слогот или зборот. Тонските контури се особено чести во источна и југоисточна Азија, но се јавуваат и во други места, како да речеме крушките јазици во Либерија и џушките јазици во Намибија.
Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци. |
Поими
уредиКога висината се спушта, тогаш контурата се нарелува надолен тон; кога се крева, тогаш е нагорен тон; кога се спушта, па се враќа, тогаш тој е надолно-нагорен тон; а пак кога се крева, а потоа се враќа, тогаш се нарекува нагорно-надолен тон. Еден тон во контурно-тонски јазик кој се задржува на приближно рамномерна висина се нарекува рамен тон. Тонот кој е прекраток за да има контура, обично заради крајната плозивна согласка, се нарекува отсечен, скратен, или прекинат тон.
Фонетски конвенции
уредиПостојат три фонетски конвенции за транскрипција на контурата на тонот.
- Дијакритики како <â> и <ǎ> за надолен и нагорен тон; дијакритики за надолно-нагорен и нагорно-надолен тон, како и за разликување помеѓу пониско и повисоко нагорни или надолни тонови. Овие не се нашироко поддржани кај компјутерските фонтови до 2008 г.
- Тонски букви како средно рамни <˧˧>, високо надолни <˥˩>, ниско надолни <˨˩>, средно нагорни <˧˥>, ниско нагорни <˩˧>, надолно-нагорни <˨˩˦> и нагорно-надолни <˧˦˩>.
- Бројчени замени за тонските букви. Седумте горенаведени тона се запишуваат како 33, 51, 21, 35, 13, 214, 341 за азиски јазик, или пак 33, 15, 45, 31, 53, 452, 325 за африкански или американски јазик. Ова се должи на тоа што азиската бројчена транскрипција е во редна скала заснована на фундаментална честота (f0), додека американската бројчена транскрипција е по основна скала заснована на периодичност наместо честота. Овие две својства на сигналот се меѓусебно обратнопропорционални во нивниот математички сооднос.
Особености
уредиКонтурните тонови се разликуваат од регистарските тонови каде дијакритиките како што се високата <á>, средната <ā> и ниската <à> се обично доволни за транскрипција. Овие се користат и за високи, средни и ниски рамни тонови.