Константин Белимаче

Константин Т. Белимаче или Белемаче (романски: Constantin T. Belimace романски: Constаntin T. Bеlimаcе) е влашки поет и политички активист.

Константин Т. Белимаче
Роден 1848
Маловиште, Битолско
Починал 1934
Битола
Националност Влав
Познат поет и политички активист

Животопис

уреди

Белимаче е роден во 1848 година во влашко семејство во големото влашко село Маловиште, тогаш дел од Османлиското Царство, а денес во Република Македонија. Припаѓа на фрашеротскиот род Белемаче. Завршува основно образование во родното село, а потоа продолжува да учи во српско училиште во Белград. Отворил меана во Букурешт, која што станала центар на романските социјалисти. Во 1893 година се вратил во Македонија, за да се вклучи во борбата против османлиската власт. Работел во влашкото училиште во Битола. Соработувал на изданијата „Лумина“, „Братство за правда“, „Пенинсула Балканика“, „Алманахул Мачедорумин“ и други. Во 1914 година се враќа во Романија. Во 1916 година, откако Романија влегува во Првата светска војна, Белимаче е заробен од бугарска војска и поминува две години како воен заробеник. Посветува стихови на тој период. Во 1918 година се враќа во Битола, која била веќе во рамките на Југославија, каде што романските училишта се затворани. Умира во 1934 година.[1][2]

Наводи

уреди