Љубица Шопова
Љубица Шопова (1985, Скопје, СР Македонија) — македонска поетеса.
Животопис
уредиЉубица Шопова е родена во 1985 година во Скопје. Таа му е сестра на македонскиот писател Иван Шопов. Магистрирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема од областа на бихејвиористичката економија.[1]
Творештво
уредиПо подолга пауза, Шопова повторно почнала да пишува поезија во 2015 година, по еден неформален поетски настан одржан во Старата скопска чаршија. Оттогаш, во неколку наврати читала свои песни на поетските собири „Астални проекции“. Нејзините песни се објавени во изборот песни од иницијативата „100 000 поети за промени“, во списанијата „Современост“ и „АКТ“, во неколку електронски поетски збирки и во арт-панорамата „Допир“. Во мај 2019 година учествувала на меѓунарондиот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, каде нејзините песни влегле во најтесниот избор од десетте најдобри учесници. Во 2020 година ја објавила првата поетска збирка, „Форми во создавање“ во издание на ПНВ публикации..[1]