Колинда Грабар-Китаровиќ

Колинда Грабар-Китаровиќ (хрватски: Kolinda Grabar-Kitarović; р. 29 април 1968) е хрватски дипломат и политичар. По победата во вториот круг на 11 јануари 2015 година на хрватските претседателски избори во 2014-2015, против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ таа ќе стане 4-тиот претседател на Хрватска на 19 февруари 2015 година [1] Таа е првата жена претседател на Хрватска.[2]

Колинда Грабар-Китаровиќ
Претседател на Хрватска
Избрана
Стапува
19 февруари 2015
Премиер Зоран Милановиќ
Претходник Иво Јосиповиќ
Асистент секретар генерал на НАТО за републичка демократија
На должноста
4 јули 2011 – 2 октомври 2014
Претходник Стефани Бабст (Вршител на должност)
Наследник Тед Вајтсајд (Вршител на должност)
Амбасадор во САД
На должноста
8 март 2008 – 4 јули 2011
Претходник Невен Јурица
Наследник Скрачиќ Вице (Вршител на должност)
Министер за надворешни и европски прашања
На должноста
17 февруари 2005 – 12 јануари 2008
Премиер Иво Санадер
Претходник Миомир Жужул (Надворешни прашања)
Лично (Европски прашања
Наследник Горан Јандроковиќ
Министер за надворешни и европски прашања
На должноста
23 декември 2003 – 16 февруари 2005
Премиер Иво Санадер
Претходник Невен Мимица
Наследник Укината позиција
Лични податоци
Роден(а) 29 април 1968(1968-04-29)(56 г.)
Риека, Југославија
(сега Хрватска)
Партија Хрватска демократска унија–сега)
Сопружник Јаков Китановиќ (1996–сега)
Деца Лука
Катарина
Установа Факултет за хуманистички и општествени науки, Унирвезитет Загреб
Дипломатската академија во Виена
Вероисповед Католик

Од 2011 до 2014 година Грабар-Китаровиќ работи како помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.[3] Таа е првата жена помошник генерален секретар на НАТО. Пред тоа е министер за европски работи (2003-2005) и министер за надворешни и европски работи (2005-2008) во Владата на Иво Санадер и хрватски амбасадор во САД (2008-2011).[4] Таа е член на конзервативната партија Хрватска демократска заедница од 1993 година и е еден од тројцата хрватски членови на Трилатералната комисија.[5]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди