Козма II Цариградски
Козма II Цариградски — Вселенски патријарх од април 1146 година, до февруари 1147 година. Тој е роден во Егина, во Грција, и бил ѓакон во Аја Софија пред неговото устоличување, по повлекувањето на Михаил II. Бил силно почитуван поради неговото знаење и весел карактер.[1] Козма начествувал за време на владеењето на царот Мануил Комнин.[2]
Замена
уредиКозма II бил осуден и заменет на 26 февруари 1147 година од страна на синодот одржан во Влахеренската палата поради тоа што го примил во својот дом и го нагостил монахот Нифонт, осуден богомил од 1144 година.[3]
Точните причини за обвинението и смената на Козма II не се утврдени, можно е да бил жртва на политичка интрига.[4] Јасно е дека царот Мануел I се замешал при составувањето на синодот кој го сменил Козма, и ги интервјуирал оние кои го обвиниле, и го испрашувал Козма II за неговите мислења за кривоверникот Нифонт.[5] Оваа афер е типична за доктринските спорови во периодот на Мануел I, и подготвеноста на царот да се смеша во истите.[6]
Наводи
уреди- ↑ John Kinnamos. (1976). The Deeds of John and Manuel Comnenus, Columbia University Press, p.56
- ↑ Κοσμᾶς Β´ ὁ Ἀττικός (грчки). Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2012-04-27. Посетено на 2011-12-24.
- ↑ Lysimachos Oeconomos La vie religieuse dans l'empire byzantin au temps des Comnènes et des Anges 1918 réédition 1972 p.44-45
- ↑ Dimtri Obolensky A study in Balkan Neo-Manichaeism « Byzantine Bogomilism » Cambridge University Press 1948 p.221-222
- ↑ Paul Magdalino. (2002). The Empire of Manuel I Komnenos, 1143-1180, Cambridge University Press, p.277
- ↑ J.M. Hussey. (1986). The Orthodox Church in the Byzantine Empire, Oxford University Press, p. 151
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Михаил II |
Цариградски патријарх 1146–1147 |
Наследник Никола IV |
Оваа биографска статија статија личност од Византија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија поврзана со православен епископ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |