Козета и Гаврош (книга)

Козета и Гаврош е книга од францускиот писател Виктор Иго. Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатиеМакедонска книга“ од Скопје во 1970 година, во превод на Борис Благоевски („Козета“) и Славко Даскалов („Гаврош“).

Технички податоци уреди

Книгата има 149 страници и не е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ ниту пак го поседува меѓународниот број ISBN број 978-608-65193-4-6. Јазичното уредување на текстот е дело на Евтим Манев, технички уредник е Коста Бојаџиевски, нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Александар Каевски, а коректурата ја извршиле Вера Арсова и Катерина Тошева. Книгата е испечатена во печатницата „Нова Македонија“ од Скопје, во 10.000 примероци.[1]

Содржина уреди

Книгата „Козета и Гаврош“, всушност, претставува извадок од романот „Клетници“ на Иго. Книгата е поделена на два дела: „Козета“ и „Гаврош“. На крајот од книгата се наоѓа куса белешка за писателот, која не е потпишана.

Козета уреди

Во „Козета“ се содржат следниве поглавја:[2]

  • Средба на две мајки
  • Чучулига
  • Мајка ѝ на Козета
  • Прашањето за вода во Монфермеј
  • Виното треба за луѓе, а водата за коњи
  • Куклата на Козета
  • Сама в шума
  • Козета и непознатиот
  • Сиромав или богат
  • Тенардие на дело
  • Кој бара многу...
  • Среќата на Козета.

Гаврош уреди

„Гаврош“ ги содржи следниве поглавја:[3]

  • Париските гамени
  • Гаврош со други момченца
  • Во слонот
  • Гаврош оди да се бори
  • Гаврош е таму каде што се градат барикади
  • Ноќна барикадата
  • Јуриш
  • Малиот јунак

Наводи уреди

  1. Виктор Иго, Козета и Гаврош, Скопје: Македонска книга, 1970.
  2. Виктор Иго, Козета и Гаврош, Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 7-88.
  3. Виктор Иго, Козета и Гаврош, Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 91-144.