Книга на пророкот Агеј
„Книгата на пророкот Агеј“ — книга од Стариот завет.
Содржина
уредиЗа време на владеењето на царот Дариј, пророкот Агеј ги пренесува божјите зборови. Господ го предупредува Зоровавел, управникот на Јудеја, и првосвештеникот Исус дека мислат на своите домови, а не го градат божјиот храм и токму тоа е причината поради која Бог го казнува народот со суша. Така, народот ја започнува градбата на храмот. Исто така, Агеј го најавува доаѓањето на месијата кој ќе донесе вечен мир. Притоа, Бог ќе ги уништи незнабожечките царства и ќе го земе Зоровавел како свој печат.[1]
Наводи
уреди- ↑ Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1142-1143.