Кнежевски погребувања
Вовед
уредиИстражувањето на кнжевските некрополи во Атеница кај Чачак започнале во 1958 год на наоѓалиштето наречено Умак на десниот бег на западна Морава, на самиот излез од Овчарско Кабларската Клисура. Во наоѓалиштето се пронајдени две големи гробници, кој биле покриени со наноси на зарамнета површина. Овие гробници имале слична конструкција,централниот гроб е ист како и другите кнежевски гробови а конструкцијата му била од кршени камења,а во внатешноста на гробот се пронајдени разновидни гробни прилози како и во Нови Пазар,пронајдоците биле многу богати од злата,стребро,килибар одбработени коски стаклени пасти,бронзи,железо и керамика а потоа нешто луксузнен грчки увоз и што е многу важно остатоци од кола и опрема.На основа на податоците до кој е стигнато ископувајќи и анализирајќи од пронајдениот археолошки материјал М.Џ и Б.Ј Кнежевските гробови од Атеница датирале од крајот на VI и почетокот на V век п.н.е.Што значи прилично во ист период со наодите од Нови Пазар без оглед на географската положба на Атеница и на врските кој на долината на западна Морава, Ибар и Голeма Морава воделе кон југ односно кон север,наоѓалиштето очигледно се наоѓало на самата раскрсница на важните патишта помеѓу Гласиначките култните груби и културате на западна Србија. Првите извештаи од искуопувањата на гробоците во Атеница биле објавени почнувајќи од 1959 г.
Кнежевски погребувања во Атеница Гробна конструкција I
уреди2.1.1Централен Гроб
уреди
Во централниот гроб на гробницата еден во Атеница каде покрај кремираниот покојник не е пронајдено оружје туку само изобилство од личниот накит делови од бронзените садови и фрагметни од двоколка.Личните предмети биле измешани, од златниот накит прoнајден е ѓердан од локално производство со златни чевчиња со спирални орнаменти и со биконична монистра од златен лим. Парелите на тој ѓердан се наоѓале на доста широки балкански подрачја како што се во Сремска Митровица,Компоља,и во Стични самиот карактер на ѓерданот укажуваат на долга ахтотона традиција и поддржувања на Грчките примери и модели, тука се пронајдени 14 златни приврзоци (Монисти) во облик на пчела кој се пронајдени само тука и на ниедно друго место на централен Bалкан а кој типолошки се поврзани со скитското злато од наодите во Олтенија во црно морското приморје и многу посигурни за повеќе распростанети слични апликации во културите на источното средоземие.
Пчелата е како симбол на плодност и чесност забележана на многу страни, посебно во Грција и Мала Азија така да не е сосема исклучено дека има некое слично својство можело да има и кај варварските племиња кај кој истото значење можеле да потекнува од балканскиот југ од каде несомнено потекнале античкит пчели. Тие пронајдоци одат во прилог на претпоставка дека во централниот гроб во Атеничката Гробница еден била погребана некоја жена од угледен род. Покрај кој се приложени гробни дарови кој немаат воен карактер и на кој приврзоци во облик на пчела можеле да окарактеризираат белези на мајчинство,плодност,власт мудрост.
Од друга страна страна се чини дека сигурно дека пчелата во Атеница имала и хтонска симболичност,како и претстава на пчела на една од златните маски од Требениште и на многу други наоди од широките средоземни подрачја. Во истиот гроб најдени се исто така и троаглести и ромбоидни златни приврзоци кој со својот орнамент многу сигурно можат да се приклучат во широките Илирски културни кругови. Занимливо е дека со сличен модел од златниот накит од централниот гроб од гробницата I и се повторува и во сребро. Сребрените чевчиња кој се најдени покрај златните, сигурно припаѓале на ѓерданот но по изработката биле од различен тип, мазни од сребрен лим и спирални свиткани среберени жици. Троаглестите приврзоци од сребрениот лим исто така се двослојни : Едните се украсени врежани со концентрични триагли додека другите на ист начин како златните – Орнаментираните шрафирани ромбови. Од гледиште проучувањето на гробните односи во средно балканските племиња на старото железно доба и во реконструкцијата од некои облици од нивната духовна култура, покрај тоа може да биде и значаен податокот дека припадниците таканаречени племенски аристократи барале и носеле истоветни или слични модели на личниот накит од злато и сребро и дека двата благородни метали биле високо ценети не само при истакнување на богатство и моќ туку и по одбработката. Во Атеничката гробница I исто така значајни и занимливи пронајдоци на личниот накит се килибарските ѓердани.
Како што е поистоветено на разни аналитички и каталошки студии,килибарот бил многу распространет гробен накит во многу некрополи на бронзеното и железното доба во Европа и средоземјето.
Предметите и ѓерданите од килибар пронајдени се и во гробови на различен тип и на оддалечените простори,па со доста сигурност можеме да говориме од повеќестука секуларна и културна функција на килибарот помеѓу припадниците на праисториските друштвени заедници, посебно кај моќните и угледни слоеви на племенските старешени и воените старешини или нивните сродници и соработници.Килибарот од периодот на старото железно доба во Европа потекнувало воглавно од два извора-од Балтик и Сицилија од каде веќе воспоставените трговски патишта се ширел низ цела Евроопа како многу баран и ценет личен накит и несомнен знак на богатство и апотропејска моќ. За нас е посебно се занимливи пронаоѓалиштата на килибар во Подунавските области во Романија, од каде на централното подрачје на балканот необработени и груби аморфни форми. До килибарот можело да се допре полесно и побрзо од поддалечните краеви на северна Европа и средоземјето. Главните патишта на импортот на килибарот биле познаци уште во бронзеното доба каде средоземјето било поврзано со балканот со таканаречениот килибарски пат,кој се протегал од Јитланда до Пелопонез.Во Халштат веќе тој воспоставен пат е променет на исток и од источна пруска се спуштал кон југ кон Јадранското Море. Следејќи ја периферијата на Балканскиот Полуостров тој пат зафатил и од илирското населени и веројатно, Сава и Дунав, како нивните притоки Дрина и Морава и доаѓал во внатрешноста на балканот. Во кнежевските гробови се пронајдени најубавите примероци на килибарскиот накит. Можно е дури и да се претпостави дека среднобалканските Илирски племиња во периодот на старото железно доба посебно помеѓу VII и V век п.н.е било некоја врста на посредник во комуникацијата на трговијата со необработениот килибар со Грција и во истиот момент и сигурен купувач на одбработен килибарски накит. Од значително богатите кнежевски гробови,голема количина на килибар најдени се на целото балканско подрачје, посебно во некрополите стојат во врска со помалку богати кнежевски гробови. По поновите истражувања е заклучено килибарските пронајдоци од Атеница зборуваат во прилог на претпоставката всушност развиените врски од Балтичките килибарски извори и килибарските гробови на централниот балкан биле импортирани од јужноиталските области за разлика од килибарските предмети најдени Егеј во северниот јадран и во западните краеви во подножјето на Алпите каде што е констатиран килибар од Балтичко потекло.
Покрај златните,србрените и килибарските ѓердани во централниот гроб на гробницата I во Атеница најдени се и делови на ѓердан од стакло. Најголемиот број на тие стаклтени монистри 138 на број биле на ист тип со зеленкатста боја и фина изработка, несомнено Грчко-Италско потекло. Исто такви мунистри пронајдени се и во Требеништа, на Гласинац, и Во Долната Долина во Компоље, како и ранотракиската некропола Равна, а исто така и во самата Грција. Помал број повеќебројни монистри од стаклена паста на еднаков цилиндичен и троаглест облик припаѓал со сигурност на истиот импорт, кој иначе бил доста распостранет како во географска така и фо хронолошка смисла. Од украсите на облеката во централниот гроб на гробницата еден пронајдено е и помалку значајни предмети од личниот накит, во недостаток на игли, тука на прво место доаѓа сребрената лачна фибула со четвртеста нога со копчести крај,каква што е пронајдена и во другите гробови во истиот хоризонт, и не само во кнежевските како во Нови Пазар туку и во скромните гробните гробови на помалку пространите балкански и подунавски подрачја. Надвор од секое сомневање станува збор за една доста вообичаен тип на фибула кој бил во доста широка употреба и кој се изработувал како благороден материјал и тоа повеќе од сребро па и од бронза.
Фибулите на тој тип од хоризонт на старото железно доба чии модел се врзува за старите Грчки примери, најдени се не само во гробовите во Атеница,Нови Пазар,Печка Бања, туку и на други страни кој се биле повеќе или помалку оддалечени како на пр. во Учмара,Гривца,Кузмин,Сотин, Земун па потоа во Гласинац и др. Фибулите од овој тип се појавуваат и во Требеништа а многу поретко и на хоризонт и во некои Албански некрополи констатирани се и во Бугарија во Серск,Гардец на подрачје на денешна романија, исти фибули се најдени и во некрополите Голоша и Телешти и во Груја кај Гердап чии наоди може да се доведат во врска со Трибалската популација на десното крајбрежје на Дунав. Во Панонија, Сребрените фибули на ваквов тип биле забележани и во богатите гробови во Бермеда и во Шентеш во Зад Карпатската област затоа нема никаков сомнеж дека на толкава распространетост и така богатите наоди на Лучките фибули со цетвртеста нога-често направени од стребро-на основа на тоа може да се донесе заклучок дека фибулите од тој тип биле во зелосна општа употреба како функционален украс на облеката на различните племиња на старото железно доба на балканското тло. И ако тие фибули некаде украсени со орнаменти од со различен мотив на сребрените примероци од Атеница, нивното типолошко единство е несомнено индетифицирано. Дури и без оглед на сите варијанти на осниовниот Грчки геометриски стил кој се менувал од локалните традиции и хронолошки процеси во промената на културните мерила, покрај фибулите во централниот гроб на гробницата I во Атеница пронајдени се повеќе златни копчиња(35) од различен тип и облик. Најбројни се малите округлаести копчиња со испупчен златен лим, а се појавуваат и октуглаеести копчиња украсени со венец од ситни бубичести Испапкнатини. Во истата група на украси на облеката спаѓаат и две помали златни апликации со кружен облик, кои се исти како и златните копциња се сметаат за Грчли импорт. Импортираниот карактер на овие златни предмети не упатува податокот дека внатрешните страни на некои копчиња, пронајдени се остатоци од некаква сива маса, која со сигурност служела да го прицврсти тенкиот златен лим. Слични копчиња со такви исти остатоци на основа најдени се и во Скитските гробови во јужна Русија, каде со сигурност може да се зборува за Грчки импорт преку Црно морските пристаништа и Грчките колонии. За разлика од импортираните златни копчиња, златните апликации најдени се во истите гробови а биле одредени по орнаментите и изработката, со сигурност може да се тврди дека биле со локални карактери и производство. На сите пет ромбоидни примероци бил изведен истоветен орнамент на кукест крст, сите 10 триаглести апликации биле украсени со врежани концентрични троаголници. Специфични стилски модели на геометриска орнаментика, кои се јавуваат и на некои пронајдоци од Мраморци, а со Ново Пазарските апликации имале големи сличност, дозволуваат претпоставки на некои единства во стилизацијаата на орнаментите, особено во рамката на истите друштвени слоеви на племенската аристократија. Симболот на кукест крст кој на апликациите се јавува во Атеница и во Нови Пазар пронајден е на проширокиот простор на старобалканските друштвени заедниви и племенски организации. Сосема е неизвесно дека кукестиот крст е како симбол,не бил особено во балканските провинции па ни примената на тој универзален мотив не може да се смета како некој значаен фактор на етничките или културните детерминации. Бидејќи по карактер наодот од централниот гроб на гробницата I.
Во Атеница не се смета за воен туку за женски,природно е што вообичаените одлики,позицијата и угледот на покојникот во овој случај се разликуваат од вообичаените гробни прилози на племенските старешини. Отсуството на оруже оклоп и обележјата во овој гроб може да се сфати како потврда и претпоставка за женски гроб, станува збор за важна личност на покојникот-Покрај богатиот златен и сребрен личен накит сведочат и гробните пролози од ритуален карактер тука на прво место се делови од бронзените садови уништени кога покојникот бил кремиран. Премногу фрагментирани садовите на основа на нив да се донесат забелешки за карактерот и типот на садовите, тие остатоци имаат насебе видливи траги на орнаментика, по кој може да се одреди нивниот импортиран карактер. Сочуваните делови на садовите украсени со астрагули,јајцести и листести орнаменти, потоа розети и остатоци од дршки дозволуваат претпоставки дека во овој гроб биле приложени некои поголеми бронзени садови(хидрија и Оинохое).
Тоа покажува на можноста дека во Атеница во ритуалот на погребувањата била користена еден голем бронзен сад, како што бил случајот и во Нови Пазар,Требеништа и Гласинац. Од големо значењ за утрврдувања на културните паралели помеѓу кнежевските гробови на централниот балкан и раскошните гробови на племенските поглавари во другите европски се остатоци на двоколки. Најдени се во Атеница во двата монумантални гробници како наоди кола и двоколка не се регистрирани никаде на целото подрачје на средниот балкан, нивниото присуство во оваа некропа може да има голема тежина во компаративното гледиште или одредување на местата и карактерот на Атеничките гробови во општите низи на богатите кнежевски гробници, која како појава надвор од сомневањата биле значаен облик и важна етапа на културниот и социјалниот развиток на племенските заедници на старото железно доба. За разлика од центалниот кнежевскиот гроб од Атеничката гробница I I , каде се најдени остатоци од поголема кола и четири колца во таканаречениот гроб на кнегињата во гробницата I најдени се изгорени остатоци од двоколка на кој покојникот сигурно бил кремиран заедно со другите гробни прилози. Од двете колца зачувани се делови од железните окови,клиновите,нитните и железните алки. На основата на реконструкцијата извршени во прилика на аналитичката одбработка и наоди, се протпоставува дека пречникот на колцата изнесувал 77 cm, но на основа сепак не може да се одредат вистинските димензии на двоколката со која се служел покојникот и која веројатно била едно од надворешните обележја на нејзиниот углед.
2.1.2 Периферен Гроб
уредиВо истата гробница I кај Атеница, покрај централниот гроб(или гробот на кнегињата) најден е и периферен гроб со големи гробни прилози и богат материјал од благородни метали и килибар.
Како и во централниот гроб од истиот тумул, луксузни лични предмети и скапоцени украси кој опстанале после кремирањето на покојникот приложени од остатокот на огништето додека предметите од железо и садовите од бронза можеле да бидат запалени заедно со покојникот. Меѓу личните предмети на прво место требада да се напоменат златните приврзоци во облик на стилизирани пчели кој се исти со оние од централниот гроб, што двата гроба покрај сите други индикации, водат во блиска социјална, родовна или хронолошка врска. И ако во гробницата било додатно закопан периферен гроб кој не бил многу помлад од центалниот гроб; затоа помеѓу останатото, сведочеле само златните пчели, како и другите лични накити од сличен или од истоветен тип. Иста изработка и идентичен стил со накитот од центалните гробници. Покрај пчелата помеѓу примероците од истиот личен накит спаѓаат троаглести златни приврзоци со штрафиран геометриски орнамент со троаглест и ромбоиден облик, како и франгментирани сребрени чевчиња од спирално завиткани жици. Монистра од килибар,кој припаѓале на ѓердан, биле исто така од ист ти и иста изработка како и килибарските монистри од централниот гроб. И тука имало најмногу монистри на аморфен облик(785) од иста големина (1,4 cm), Потоа кружни (440) кружни и 10 со цилиндрицни облици, додека троаглестите и цетвртаестите монистри биле помали(13-14). Размерно уште помалку биле килибарските монистри од гигурален тип односно керамички флорални и зооморфни облици (12). Од килибарскиот инвентар од центалниот гроб во периферниот гроб се разликуваат едниствено две монистри со кружен со длабоки и густи жлебови. Кој исто како и останатите монистри биле од поубава изработка сигурно со јужно Италско потекло. Покрај деловите од килибарски ѓердан во периферниот гроб пронајдени се и зеленкастите стаклени монистри со жлебови, како и полихромни монистри од стаклена паста. Овие групи на личен накит идентични се примероциите исто како од централниот гроб и многу се слични со пронајдоците од стаклиа и стаклените пасти во богатите гробови од некрополата на централниот балкан(Нови пазар). Украсите на облеката на перифернит гроб во гробницата I во Атеница покажуваат доста сличности со соодветниот накит од ценралниот гроб. Тоа што е впечатливо е со истата околина е дека на периферниот гроб сите предмети од групата на украси на облеката се изработени само од злато,затоа овој гроб е доста специфичен во однос на другите гробови не само Атеничките туку и пошироко на централното балканско подрачје.Покрај помал број исто ветни тркалезни копчиња со испупчен златен лим и нешто поголем број на копчиња со бубичести испапчувања, во гробот се пронајдени неколку поинакви четвртести апликации со кружни конкавни страни, украсени со штрафирани геометриски орнаментики со троаглест и ромбоиден облик. Голем број ситни кружни апликации од златен лим(625) како и останати копчиња имаа можност и претпоставка дека станува збор за остатоци од огништето, изложени примери со раскошно украсени златни облеки со ситни златни плочки, такви се пронајдени од злато и по Скитските кругови, додека бронзените се констатирани на многу други страни, на пр во Стични и на Гласинац.
Поголема разлика во однос на централниот гроб прави еден специфичен наод на една апликација од позлатен сребрен лим во облик на вепер(должина 4,8) како што е претставен во разни црнофигурални Грчки вази од 6век п.н.е. Многу сличен пример на вепер од сребрен лим исто така од 6 век најден е и на Гласинац каде можеби бил дел од некоја претстава на лов, додека на периферниот гроб најверојатно служел како многу убаво изработен и доста редок украс на облеката.
Претставата на веперот во ахтотоната изработка се појавил меѓу средно балканските племиња нешто подоцна дури во 5-4 век п.н.е. Како и во центалниот гроб во периферниот гроб немало позначајни пронајдоци на оружје и оклопи како обележја како позиција и репутацијата на покојнокот. Потполниот недостакот на оружје во централниот гроб надокнаден бил во периферниот гроб со помалку бројни пронајдоци со две скитски стрели и делови од конусот на железните копја. Стрлите биле од бронза со тропераст облик. Слични примери на стрели кој иначе биле најдени во скитските и тракиските некрополи околу црното море(Дувнали,Долно Подунавие, Молдавија), па дури и подалеку на запад сè до Швајцарија, во кнежевските гробови на централниот балкан пронајдени се и во Илијаку на Гласинац и во Печка Бања. Во перифернит гроб има ште помалку ритуални прилози за разлика од централниот што покажува на можност да бронзенит садови и железните предмети се изгорени при инхумирањето на покојникот. Од бронзените предмети сочувана е долгнавеста рачка на некој кратер од грчка изработка; Сличен пронајдок е регистиран и во централниот гроб, а исто така и во други богати кнежевски гробови како што се Требеништа и Викс. На основа на позицијата периферниот гроб посебно на основа на најдениот инвентар, се претпоставува дека е во прашање гроб на машко дете, во кој се приложени внимателно бирани луксузни и скапочени предмети на накит, но и некои примероци на оружје со кои детето можело да се служи.
Користена Литература
уреди- Александар Палавестра, Кнежевски Гробови Старијег Гвозденог Доба На Централном Балкану, 35-42