Клоцов зборник — средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од X или почетокот на XI век напишано на глаголица[1].

Страна од Клоцовиот зборник

Ракопис

уреди

Ракописот потекнува од крајот на Х или почетокот на XI век и е напишан на 14 листа од пергамент со димензии 270х205 мм[1]. Првобитниот кодекс имал над 500 листови, од кои зачуван е 62-от кватернион, што значи дека пред него имало 61 кватерниони[1]. Листовите 1, 4 и 7 се оштетени и тешко читливи[1].

Писмо и записи

уреди

Писмото на ракописот е обла висечка глаголица со аглести форми во палеографските нацрти на некои од буквените знаци.[1]. Според начинот на пишување на писмото се забележува дека тоа најверојатно потекнува од Македонија

Правопис

уреди

Правописните и јазичните особености на зборникот упатуваат на поврзаност со македонското јазично подрачје[1]. Притоа имајќи го предвид присуството на фонетски и лексички моравизми, може да се заклучи дека ракописот е пишуван во Охридската книжевна школа врз основа на предлошка, чијшто архетип настанал во Велика Моравија во времето на мисијата на Свети Кирил и Методиј[1].

Содржина

уреди

Зачуваниот дел од ракописот содржи пет слова: две од Свети Јован Златоуст - Слово за Цветници (без почеток и крај) и Слово за Велики четврток, по едно од св. Атанасиј Александриски (слово за Велики петок) и св. Епифаниј Кипарски (Слово за слегувањето на Исус Христос во пеколот) и една анонимна непреводна хомилија, која што се поврзува со книжевното дело на Свети Методиј[1]. Во ракописот е зачуван опширен запис на латински јазик од 1500 година, во којшто се опишува историјата на зборникот[1].

Пронаоѓање

уреди

Поголемиот дел од ракописот (12 л.) бил во сопственост на австрискиот грод Парис Клоц, поради што во науката е познат под името Клоцов зборник[1]. Другите два листа биле во сопственост на баронот А. ди Паули[1]. Сега делот на Парис Клоц се чува во музејот на италијанскиот град Тридент под сигнатура N°2476, додека двата список на Ди Паули се наоѓаат во музејот „Фердинандеум“ во градот Инсбрук во Австрија под сигнатура Dip.973[1].

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 Поп-Атанасов, Ѓорѓи (2015). Македонската глаголица (PDF). Скопје: МАНУ. стр. 66–68.

Надворешни врски

уреди