Клисура на Пенаклисура на реката Пена во областа Полог, северозападна Македонија. Претставува една од најзабележителните и најдлабоки клисури во Македонија. Всечена е во средишниот дел на Шар Планина, во должина од 22 км[1]. Започнува од месноста Џинибег, западно од Титов Врв (2.747 м), а завршува кај Тетово, од каде што Пена добива рамничарски карактер до вливот во Вардар.

Протегање

уреди

Клисурата има општ правец југозапад-североисток, а по вливот на Вејчичка Река свртува кон југоисток. Обично е доста длабока, до 1.500 м[1], а нејзините стрмни страни се изградени претежно од шкрилци, мермери и варовници. На страните на клисурата е изразен водосоголен релјеф, а фосилен леднички и доледнички релјеф се јавува во повисоките делови, каде што има моренски материјал по дното. На одделни мали месности има карстен релјеф. Поради големиот наклон и застапеноста на неотпорни и распаднати шкрилци, по страните има силна ерозија и чести свлечишта. На притоките на Пена, пак, низ клисурата има бројни помали водопади. На излезот од клисурата, Пена изградила огромна плавина на која лежи градот Тетово.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Клисура на реката Пена“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 152. ISBN 978-9989-110-90-0.