Клипер (брод)
Клипер — име за тип на едрилица која била развиена на почетокот на 19 век и која се истакнувала со голема брзина. Иако имала релативно мал товарен простор, била доста брза и способна да транспортира разни егзотични стоки од далечните делови на светот за релативно кратко време.
Поради големиот број едра, клиперите изгледаат многу убаво. Одредени клипери станале познати со годишната „Голема трка за чај“, трка на бродови што превезувале чај од Кина до Лондон. Првиот брод што пристигнувал добивал многу добра цена за стоката и премија. Трката помеѓу Кати Сарк и Термопили била легендарна, кога втората едрилица пристигнала една недела порано од првата едрилица.
Нивното време поминало благодарение на пронајдокот на парната машина и воведувањето на парабродови. Иако клиперите можеле да ги престигнат првите паробродови, со текот на времето се покажало дека парабродите не зависат од ветрот. Тоа особено станало јасно по отворањето на Суецкиот Канал и скратувањето на рутата од Европа до Индија. Клиперсите не можеле да ја користат таа рута поради неповолните ветрови.
Клиперсите постепено исчезнале од морето до крајот на 19 век, најпрвин биле заменети со виндјамери, кои биле побавни, но поекономични, а потоа конечно со парабродови.
Надворешни врски
уреди„Клипер (брод)“ на Ризницата ? |