Клиноопашеста стрнарка

вид птица
Клиноопашеста стрнарка
Клиноопашеста стрнарка во природен резерват во Пиражу, Бразил
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тангари
Род: Тревни стрнарки
Вид: Клиноопашеста стрнарка
Научен назив
Emberizoides herbicola
(Vieillot, 1817)

Клиноопашеста стрнарка (научEmberizoides herbicola) — вид птица од семејството на тангарите (Thraupidae). Се среќава во Аргентина, Боливија, Бразил, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Костарика, Панама, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај и Француска Гвајана.

Птицата претежно живее во Јужна Америка, и тоа во јужен Бразил, Боливија, источен Парагвај и крајниот североисток на Аргентина, во подрачјата на Серадо, Пантанал и јужна Каатинга; во помала мера присутна е и во северна Колумбија и централна Венецуела, атлантскиот брег на Гвијана, како и островот Маражо во одливот на Амазон. Природните живеалишта на клиноопашестата стрнарка се сувата савана, сезонски поплавените низински тревишта од суптропски и тропски вид, како и во значајно оштетени поранешни шумски предели.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Emberizoides herbicola. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.

Надворешни врски

уреди