Климовско богатство

Климовско богатство ― сочуван депо од раносредновековни римски и сасански сребрени предмети што е откриено во 1907 година во близина на селото Климова во Пермската Губернија во Руската Империја (денешен Пермски Крај, во средишна Русија).[1] Тоа е едно од неколкуте депоа на римски и сасански сребрени садови откриени во тој регион, кои збирно се нарекувани Пермски богатства.[1][2]

„Климовска плоча“, која го прикажува сасанскиот монарх Шапур III како убива леопард.

Опис

уреди

Помеѓу римските предмети од Климовската ризница се наоѓа и чинија со слика на козар кој ги носи сребрените печати на императорот Јустинијан I (вл. 527–565) и две јадења од VII век украсени со крстови.[3][4] Сасанските предмети од складиштето има чинија на која е прикажан кралот на кралевите Шапур III (вл383–388) убивајќи леопард, како и друга чинија што прикажува тигрица под дрво.[1] Други дела поврзани со Климовското богатство, исто така, има иранско јадење од 8 или 9 век и маваранарско/трансоксијанско парче.[2] Пронајдена е и кофа.[1] Климовското богатството моментално се наоѓа во збирките на Музејот Ермитаж во Санкт Петербург.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Николсон, Оливер, уред. (2018). The Oxford Dictionary of Late Antiquity. Оксфорд: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-866277-8.
  2. 2,0 2,1 Hobbs, Richard (1997). Late Roman Precious Metal Deposits, c. AD 200-700: Changes over Time and Space - PhD Diss. Institute of Archaeology, University College London. стр. 113–4.
  3. Kitzinger, Ernst (1976). The Art of Byzantium and the Medieval West: Selected Studies. Bloomington: Indiana University Press. стр. 163.
  4. Sinai, Byzantium, Russia: Orthodox Art from the Sixth to the Twentieth Century. The Saint Catherine Foundation and the Hermitage Museum. 2000. стр. 52–3.