Климент Преспанско-битолски

Климент (световно име Никола Трајковски; 3 август 1912 во Битола - 18 јуни 1979 во Битола) — прв македонски митрополит на Преспанско-битолската епархија, прв архијереј во Битола по обновувањето на МПЦ и втор македонски архијереј. Климент е потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на автокефалниот статус на МПЦ.

Климент
Преспанско-битолски митрополит
ЦркваМПЦ-ОА
ЕпархијаПреспанско-пелагониска епархија
Ракоположен1959
Службата завршила1976
Претходникнема
НаследникПетар
Редови
РакоположенБитола
Лични податоци
Световно имеНикола Трајковски
Роден3 август 1912
Битола, Македонија
Починал18 јуни 1979
ПочивалиштеЦрква Св. Богородица - Битола
ЗанимањеМитрополит на МПЦ-ОА

Животопис

уреди

Никола Трајковски е роден на 3 август 1912 г. во Битола. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а студиите на Правниот факултет во Белград и Софија.

Тој бил познат и како исклучително надарен педагог во вистинска смисла на зборот. Во својата долгогодишна просветна дејност успеал на своите ученици, од кои многумина биле на високи места во тогашната државна администрација, културата и просветата, со многу љубов да им ја доближи историјата на македонскиот народ бидејќи отпрво работел како професор во гимназијата во Битола, потоа како референт во Историскиот архив во Битола и судија во Народниот суд во Општина Битола. Зачудувал со неговата меморија и неговото енциклопедиско знаење за низа најситни подробности, не само од познатите историски настани, туку и од историјата на одделни семејни родослови и историското минато на одделни населени места во нашата земја. Бил познат и како исклучително надарен педагог во вистинска смисла на зборот.

Се истакнал како активист за обнова на МПЦ. Во 1958 году бил замонашен во Св. Богородица Побожје, Скопско. Бил ракоположен за ероѓакон и свештенојереј во Св. Мина, Скопје.

Во Битола во храмот Св. Димитриј е произведен за архимандрит, а на 19. VI 1959 во Св. Мина бил хиротонисан за архијереј од Патријарх Српски Герман, Архиепископ Охридски и Македонски Доситеј и епископ бачки Никанор.

Бил прв митрополит преспанско-пелагониски и прв архијереј, хиротонисан во МПЦ по нејзиното укинување во 1967 година.

Во 1959 година во Штип заедно со архиепископот Доситеј го хиротонисуваат архимандритот Наум и формираат Свет архијерејски синод на обновената МПЦ.

По долго боледување, во 1979 година Климент се упокоил во Битола. Погребан е во црквата Црква „Св. Богородица“ - Битола.