Климатски промени во Грција

Климата во Грција има промени во поглед на зголемена суша, поплави, шумски пожари и пораст на нивото на морето. Ваквите екстремни временски услови најверојатно ќе станат почести, а како резултат на тоа ќе бидат засегнати природните предели и биолошката разновидност.[1] Климатските промени, исто така, ќе ги предизвикаат човечките активности како што се промената на користењето на земјиштето, урбанизацијата и деградацијата на почвата дополнително да влијаат на грчките екосистеми.[2] Грчките екосистеми веќе се на својата главна точка, близу до нивните еколошки граници.[2] Грчката влада вовела политики и закони за да се обиде да се справи со овие проблеми.

Емисии на стакленички гасови

уреди
 
Вкупни емисии на стакленички гасови од 1851 до 2021 година во Грција.

Во 2021 година, Грција создала 59,73 милиони тони јаглерод диоксид (GHG).[3] Од 2005 до 2021 година, емисиите на стакленички гасови по глава на жител од Грција драстично се намалиле. Во 2005 година, Грција го достигнала своето рекордно ниво на емисии на стакленички гасови, од 132,57 милиони тони. Оттогаш, емисиите на стакленички гасови по глава на жител се повеќе од преполовени.[3] Емисиите на стакленички гасови од Грција по глава на жител се намалиле со побрзо темпо од вкупните емисии по глава на жител во Европската Унија од 2005 до 2015 година.[4]

 
Растот на БДП-то на Грција во корелација со емисиите на CO2 во Грција.

Најголемиот придонесувач за емисии на стакленички гасови во Грција е јаглерод диоксидот (CO2), проследен со азотниот оксид (N2O) и метанот (CH4). Во 2021 година, емисиите на CO2 сочинувале речиси 95% од сите емисии на стакленички гасови во Грција, со 56,31 милиони тони. Во споредба со глобалните нивоа на емисии, Грција емитувала 0,15% од вкупните емисии на CO2 во светот, додека Кина, која била најголем придонесувач, емитувала 14,36%, заклучно со 2021 година.[3]

Исто така, откриено е дека емисиите на CO2 во Грција се поврзани со економскиот раст, така што кога емисиите на CO2 во Грција се намалуваат, така се намалува и Бруто-домашниот продизвод.[3] Грција работи кон раздвојувањето на нивниот БДП пораст во спореба со нивните емисии, како што успеале неколку други земји во минатото.

Наводи

уреди
  1. Γεωργακόπουλος, Θοδωρής (2021-12-15). „The Consequences Of Climate Change In Greece“. Dianeosis (англиски). Посетено на 2023-05-18.
  2. 2,0 2,1 „Biodiversity in Greece“. Climatechangepost.com (англиски). Посетено на 2023-05-18.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Ritchie, Hannah; Roser, Max; Rosado, Pablo (2020-05-11). „CO₂ and Greenhouse Gas Emissions“. Our World in Data. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. European Parliamentary Research Service (2021). Climate action in Greece. Luxembourg: Office for Official Publications of the European Communities.