Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) или Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) е они жена од јапонските легенди. За нив вообичаено се смета дека се жени кои се претвориле во они како резултат на кармата и незадоволството, при што помладите ги нарекуваат „киџо“, додека оние што изгледаат како старици се нарекуваат онибаба (鬼婆, „демонско аро“).[1]

„Киџо“ од Тоса Обаке Зооши
(скрол од непознат автор).
„Осамената куќа“ (сеп. 1885 г.)
од Цукиока Јошитоши.
Прикажана е вештерката од Адачи, за која се вели дека ја пиела крвта на неродените деца.

Тие често се појавуваат во јапонските легенди, народните приказни, бајки и изведувачки уметности, а познати меѓу нив се Момиџи Денсецу („Легендата за Момиџи“) од Тогакуши, Шинано провинција (денес градот Кинаса, Нагано, префектура Нагано) и Сузука Гозен од планините Сузука.

Онибабата од Адачигахара (Курозука) го содржи зборот „баба“ во нејзиното име, но сепак се смета и за киџо.[2] Исто така, скролот со слики Тоса Обаке Зооши (непознат автор) кој ги содржи приказните за јоокаи во Тоса провинцијата (денес префектура Коочи), во сликата со наслов „Киџо“, е запишано дека они жена (киџо) со должина на коса од „4 шаку и 8 сун“ (околу 150 см) изела фетус од бремена жена, иако потеклото на оваа приказна е легендата за онибабата од Адачигахара од Фукушима префектурата, која подоцна се проширила и во Тоса, а поради ова ширење, се раскажувала заедно со тамошните локалните легенди таму [3]

Митологија

уреди
 
„Онибаба“ од скролот
Јакоо Газу Хјакки (1781 г.)

Една верзија од приказната за создавањето на Онибаба раскажува за едно мало девојче од богато семејство кое иако било здраво, на 5 години сè уште не зборувало ниту збор. Загриженото семејство побарало лекар кој им рекол дека основниот елемент за лекот е црн дроб на неродено дете. Задачата за наоѓање на црниот дроб и била доверена на дадилката на детето, која откако и дала омамори (амајлија) на ќерка си, која била на иста возраст како и девојчето, тргнала во потрага по црниот дроб. После неколку недели и месеци, уморната дадилка решила да се повлече во Адачигахара и да го чека раѓањето на некоја бремена жена. Поминале многу години пред некоја жена да помине покрај сега старата дадилка; тогаш, жената ја убила својата жртва и го извадила црниот дроб од нејзиниот фетус. Дури тогаш, старата жена видела дека жената што ја убила го носела истиот омамори што и го дала на својата ќерка. Луда од откритието, старицата станала јоокаи што од тогаш напаѓа и јаде минувачи.[4]

Во друга верзија на приказната, дадилката одлучила да замине не поради должноста, туку поради љубовта што ја чувствувала кон немото дете; во оваа приказна дадилката нема деца и лекот исто е црн дроб од фетусот на бремена жена.[5]

Но претставата Курозука

уреди

Постои Но претстава наречена „Курозука“, која ја раскажува приказната за двајца свештеници кои дошле на починка во колибата на Онибабата во Адачи. Онибабата, во нејзината човечка форма, ги пуштила да влезат и љубезно им раскажала за нејзината осаменост додека плетела. Подоцна тргнала да бара огревно дрво, предупредувајќи ги двајцата свештеници да не гледаат во подрумот на колибата. Љубопитни, гостите не ја почитуваат наредбата и откриваат просторија полна со коски и остатоци од трупови. Свештениците сфатиле дека жената е чудовиштето од Адачи. Двајцата на работ на бегство, ја тераат огорчената старица да се претвори и во нејзината демонска форма. Свештениците успеваат да избегаат само благодарение на нивните будистички молитви.[6]

Филмот Онибаба

уреди

Во 1964 година, сценаристот Кането Шиндоо го снимил филмот Онибаба адаптиран на древната будистичка басна наречена Маска од месо ја плаши жената. Приказната раскажува за жена која, љубоморна на нејзината снаа, носи демонска маска за да ја исплаши и да ја спречи да се сретне со нејзината љубов. Планот на жената не успеал затоа што љубовта на нејзината снаа е доволно силна да го надмине стравот од наводниот демон. Како казна, Буда трајно ја спојува демонската маска на лицето на жената.[7]

Трансформацијата на Онибаба

уреди

Во модерното време, во спротивност со појавата на демонот во легендите, има нови толкувања на онибаба. Еден пример е Бапи-Чан, онибаба маскотата на селото Адачигахара Фурусатомура, јапонско туристичко одредиште кое е верна копија на древно јапонско село. Иако маскотата има типични рогови и зашивки, лицето е деформирано на таков начин што и дава нежен и весел облик. Селото продава Бапи-чан стока, како маички и играчки, па дури и нуди виртуелна Онибаба што може да се преземе од нивната страница.[8]

Друг пример за трансформација на Онибаба се јавува во анимето и мангатаКУРОЗУКА.[9] Во оваа верзија приказната е слична на Но комедијата, со само една разлика: едниот лик, феудалец, останува наместо да бега, затоа што е заљубен во демонот кој благодарение на нејзините моќи го претвора во вампир.

Заедничка употреба на зборот Киџо и Онибаба

уреди

Во Јапонија, зборот Онибаба не се однесува само кон демонот од митологијата. Иако зборот буквално се преведува како демон, вештерка и огар, тој може да се однесува и на палава или весела вештерка или старица.[10]

Зборот „киџо“ се користи и како општ поим за жени со „грозни срца“ како тие на „они“.[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 村上健司編著 (2000). 妖怪事典. 毎日新聞社. стр. 132. ISBN 978-4-620-31428-0.
  2. 多田克己 (2008). „『妖怪画本・狂歌百物語』妖怪総覧“. Во 京極夏彦編 (уред.). 妖怪画本 狂歌百物語. 国書刊行会. стр. 306. ISBN 978-4-3360-5055-7.
  3. 「雪婆編著 (2003). 妖怪百物語絵巻. 国書刊行会. стр. 60. ISBN 978-4-336-04547-8.
  4. Mark Schreiber (21 ottobre 2012). „In Search of the fearsome Onibaba“. The Japan Times (англиски). Посетено на 20 gennaio 2016. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  5. „黒塚劇場に怖い鬼婆参上!“ (јапонски). Архивирано од изворникот на 2008-07-05. Посетено на 2020-11-14.
  6. „Projects Kurozuka“. Theatre Nohgaku. Архивирано од изворникот на 2006-07-07. Посетено на 2020-11-14.
  7. „Onibaba“. Архивирано од изворникот на 2016-01-27. Посетено на 2020-11-14.
  8. Alt e Yoda, 2008 стр. 77
  9. „長き時を生きる吸血鬼2人の物語――「黒塚」アニマックスとBS 11で放送開始 - 電撃オンライン“. 22 settembre 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „おにばば“.
  11. „【鬼女】“. dic.yahoo.co.jp. Yahoo! JAPAN. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 2011-03-21.

Библиографија

уреди
  • Matt Alt; Hiroko Yoda (2008). Yokai Attack! The Japanese Monster Survival Guide (англиски). Tokyo: Kodansha International. ISBN 978-4770030702.
  • Yei Theodora Ozaki (2014). „Il goblin di Adachigahara“. Fiabe giapponesi antiche. Simpliccissimus Book Farm. ISBN 978-1503242081.