Кичевски октоих
Кичевски октоих – пергаментен македонски ракопис од средината на ⅩⅠⅠⅠ в. Бил пронајден во 1926 година од Томо Смилјаниќ-Брадина во црквата „Св. Атанасиј” во с. Премка (Кичевско) и заедно со други словенски ракописи ги предал во Музејот во Скопје, а кога директорот Р. Груиќ во 1937 година бил избран за професор на Богословскиот факултет во Белград, при заминувањето ги однел со себе и овие ракописи. Ракописот има вкупно 89 листови: 66 се чуваат во Музејот на Српската православна црква во Белград во збирката на Р. Груиќ (з И 110 и Г. 227) и 23 во Белградската народна библиотека (Рс 104). Во овој македонски октоих се зачувани преписи од две химнографски творби на Св. Климент Охридски: Канон за апостолите Петар и Павле на шести глас и Канон за Св. Троица на осми глас. Едно Климентово химнографско дело (Покаен канон за шести глас) е зачувано и во Премчанскиот требник.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 696. ISBN 978-608-203-023-4.