Китан Илиев
Китан Михов Илиев ( 1909 во Влахи, Пиринска Македонија, Бугарија — 1997) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Китан Илиев | ||
Роден | 1909 година Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 1997 година | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБил посветен јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров и неколку дена поминал со неа. Бил осуден на доживотен строг и темничен затвор. За време на мачните испрашувања и суровите тепања, за малку ќе се онесвестел. Во логорите на смртта на островот Персин (Белене) поминал околу четиринаесет години. Важел за сериозен подржувач на македонската кауза.[1]