Киро Павловски - Жонглер

Киро Трпев Павловски - Жонглер ( 1921 во Лешок, Тетовско1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Киро Павловски - Жонглер
Роден 1921 година
Лешок, Тетово, Македонија
Починал јануари, 1945 година
Скопје, Македонија
Починал од болест, здобиена од неговото учество во воените дејствија за ослободување на Македонија.

Животопис

уреди

Завршил само основно училиште. Подоцна се доселил во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Заедно со својот брат Боро, стапил во организирана борба против окупаторот. На 5 септември 1944 година, станал борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во третата чета на првиот баталјон. Се истакнал како мошне скромен и искрен другар, дисциплиниран и примерен борец. Бил учесник во борбите против балистите на Водно и Треска, во борбите против Германците на железничките и други сообраќајници, како и во уличните борби за ослободувањето на Скопје. Тешките услови и непрекинатото војување против непријателот, биле причина тешко да оболи и во јануари 1945 година починал од последиците од болеста.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 227. На |first= му недостасува |last= (help)