Кировски Реон
(Пренасочено од Кировски реон)
Кировски Реон (украински: Кіровський район, руски: Кировский район, кримскотатарски: İslâm Terek rayonı) е еден од 25-те региони на Крим, во моментов е предмет на територијален спор помеѓу Руската Федерација и Украина. Административен центар на реонот е населбата од градски тип, Кировске. Населението е 50,834 жители од пописот на населението во 2014 година.
Кировски реон Кіровський район İslâm Terek rayonı | |||
---|---|---|---|
Реон | |||
Агармиш, Кировски реон | |||
| |||
Држава | Спорно: | ||
Република | Крим | ||
Главен град | Кировске | ||
Населени места | Список
| ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.208 км2 (466 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 50.834 | ||
• Густина | 42/км2 (110/ми2) | ||
Час. појас | МСК (UTC+3) | ||
Повикувачки број | +380-6555 | ||
Мреж. место | kirovskiy.rk.gov.ru |
Реонот се наоѓа во источниот дел на републиката. Јужниот дел на реонот е опфатен со подножјата, додека северниот се наоѓа во кримската степа. Северно-кримскиот канал (главниот воден пат на северен Крим кој ја снабдува републиката со вода од реката Днепар) минува низ регионот.
Реонот е познат по историскиот град Стари Крим.