Килски Залив (германски: Kieler Bucht; дански: Kiel Bugt) — залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, долж брегот на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн во Германија и островите на Данска. Поврзан е со Мекленбуршкиот Залив во источниот дел, Малиот Белт во северозападниот дел и Големиот Белт во северниот дел.

Килски Фјорд и Килскиот Залив
Внатрешниот фјорд на Кил
Местоположба на Килскиот Залив во однос на Балтикот.

Поморскиот сообраќај кој влегува или излегува во Балтичкото Море преку двата Белта мора да влезат во заливот. При влез, сообраќајот оди кон друг проток, оној кај островот Фемарн, а подоцна во Мекленбуршкиот Залив, кој потоа се отвора во Балтичкото Море. Во другата насока, сообраќајот или поминува низ Големиот Белт, долж Лангеланд или поминува низ Килскиот Фјорд и преку Килскиот Канал директно во устието на реката Елба и во Северното Море. Килскиот Фјорд завршува кај Кил, главниот град на покраината Шлезвиг-Холштајн.

Географија

уреди

Југозападниот брег на заливот е брегот на Шлезвиг-Холштајн. Заливот започнува со морскиот ракав Шлај, соленикав естуар, на чиј крај се наоѓа градот Шлезвиг. На самиот брег се наоѓаат и два други помали заливи: Екернфердскиот Залив и Фленсбуршкиот Фјорд. Во северниот дел се наоѓаат данските острови Алс, Ере и Лангеланд.

Килски Фјорд

уреди

Килскиот Фјорд, заштитен од заливот на југ, е долг околу 17 километри и широк 1 километар на нејзината најтесна точка. Стратешката положба на Кил, на крајот на фјордот, му овозможил силен стопански развој. Прераснал во големо бродоградилиште, поради што бил примарна цел на сојузничкото бомбардирање при Втората светска војна. Пред основањето на Кил во 1242 година и изградбата на утврден град таму, областа не можела да се развие поради нападите од Викинзите. Меѓутоа, сите археолошки наоди од нив, или се наоѓаат под градот или биле уништени одамна.

Екернфердски Залив

уреди

Екернфердскиот Залив е долг 16 километри, оддалечен околу десет километри од Килскиот Фјорд. Границата со Килскиот Фјорд е кај светилникот Билкер. Некогашниот пошумен полуостров Денишер Волд помеѓу Килскиот Фјорд и Екернфердскиот Залив се наоѓала пограничната област помеѓу Сасите и Данците во средниот век. Северно од Екернфердскиот Залив се наоѓа полуостровот Шванзен; на крајот на заливот се наоѓа градот Екернферде. Самиот Залив бил домаќин на настаните во едрење на Летните олимписки игри 1936 во Берлин.

Шлај

уреди

Шлај е морски ракав („затон“), долг 42 километри, ја создава границата помеѓу историските области и полуострови Ангелн и Шванзен. Овој дел од заливот бил домаќин на настаните во едрење на Летните олимписки игри 1972 во Минхен.

Фленсбуршки Фјорд

уреди

Фленсбуршкиот Фјорд е долг околу 50 километри. Создава дел од границата помеѓу Германија и Данска и ја одбележува северната граница на Ангелн.

54°31′12″N 10°24′24″E / 54.52000° СГШ; 10.40667° ИГД / 54.52000; 10.40667