Јужнокечуански јазик
(Пренасочено од Кечуански II C јазици)
Јужнокечуански јазик — најзборуваната варијанта/ дијасистем на кечуанските јазици. Овој јазик го зборуваат околу 5 милиони жители во Перу, на Андите. Покрај Перу, јазикот се зборува и во Боливија и Аргентина. Јужнокечуанскиот има стандардизиран правопис кој бил изработен од Родолфо Серон Паломино и овој правопис може да биде користен од сите јужнокечуански дијалекти. Овој правопис се користи во официјалните кечуански документи во Перу, Боливија и Аргентина, како и невладини организации како што Microsoft и Wikipedia.
Јужнокечуански јазик | |
---|---|
Qhichwa | |
Застапен во | Перу, Боливија |
Подрачје | Анди |
Народ | Кечуани, Кола |
Говорници | 5 милиони |
Јазично семејство | |
Писмо | кечуанска азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | qu |
ISO 639-2 | que |
ISO 639-3 | – |
Примери
уредиВо прилог следуваат некои примери на различните јужнокечуански дијалекти:
ајакучо | куско | јужнокечуански | македонски |
---|---|---|---|
upyay | uhay | upyay | „пие“ |
utqa | usqha | utqha | „брзо“ |
llamkay | llank'ay | llamk'ay | „работи“ |
ñuqanchik | nuqanchis | ñuqanchik | „ние“ |
-chka- | -sha- | -chka- | наставка за прогресив |
punchaw | p'unchay | p'unchaw | „ден“ |
Наводи
уреди- Cerrón-Palomino, Rodolfo (1994): Quechua sureño, diccionario unificado quechua-castellano, castellano-quechua [Southern Quechua, Unified Dictionary Quechua-Spanish, Spanish-Quechua]. Lima, Biblioteca Nacional del Perú.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на [[:{{{код}}}:| јужнокечуански јазик]] |