Кендис Паркер
Кендис Никол Паркер (англиски: Candace Nicole Parker) (родена 19 април 1986 во Сеинт Луис, Мизури) — американска професионална кошаркарка кој игра во ВНБА лигата за тимот на Лос Анџелес Спаркс. Претходно настапуваше за колеџот Тенеси, каде беше првата кошаркарка да постави разни рекорди, и ги донесе „Тенеси Волонтиерс“ до две НЦАА титули во 2007 и 2008. Кендис е сестра на кошаркарот на Торонто Рапторс, Антони Паркер и свршеница на кошаркарот на Сакраменто Кингс, Шелден Вилијамс. Во 2004, на „МекДоналдс Хај Скул Ол-Американ гејм“ (собир на најдобрите средношколски кошаркари/кошаркарки од ширум САД), Кендис беше првата жена да настапува на натпреварот за забивање и воедно првата жена да го победи натпреварот, настапувајки против Џеј Ар Смит и Џош Смит, кој подоцна го победи натпреварот за забивање на НБА. Таа беше првиот пик на ВНБА Драфтот и најави големи работи со постигнати 34 бода 12 скока и 8 асистенции во првата одиграна утакмица, и еден месец подоцна, беше само вториот играч во ВНБА да забие, покрај својата соиграчка Лиса Лесли. Во само наредниот меч, Кендис пак најави светла иднина за себеси со тоа што пак заби. Интересен факт е дека сите три забивања се случија на истиот кош во салата на Стејплс Центарот.
Олимписки медали | ||
Натпреварувач за САД | ||
---|---|---|
Женска Кошарка | ||
Пекинг 2008 |