Квазимодо
Квазимодо (француски: Quasimodo) — измислен лик и протагонист на романот Богородичната црква во Париз (1831) од Виктор Иго. Квазимодо е роден со грпка поради што останатите го гледаат како чудовиште, но наоѓа засолниште во љубовта која се исполнува дури кога ќе умре. Во 2010 година, еден британски истражувач пронашол доказ кој сугерира дека веројатно постоел вистински грбавец, кој работел во Богородичната црква во Париз за време на истиот период во кој Виктор Иго го пишувал романот.[1] Денес, Квазимодо важи за еден од најпрепознатливите книжевни ликови во историјата на книжевноста, а честопати се вбројува помеѓу чудовиштните, гротескни ликови на западната книжевност.
Квазимодо | |
---|---|
лик од Богородичната црква во Париз | |
Квазимодо и Есмералда на филмското платно. | |
Создавач | Виктор Иго |
Информации | |
Вид | Згрбавен човек |
Пол | Машко |
Занимање | Ѕвонар |
Ликот на Квазимодо во романот „Богородичната црква во Париз“
уредиВо романот, Квазимодо живее во камбанаријата на Богородичната црква, каде работи како ѕвонар, скриен од надворешниот свет. Неговиот покровител, архиѓаконот Клод Фроло, прераснува во главен антагонист кога двајцата се вљубуваат во убавата Есмералда. Љубовта на Квазимодо кон Циганката е совршен пример за идеалот на романтичарите, поради преданоста, пожртвуваноста и идеализирањето.
Квазимодо како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Сонот на Квазимодо“ (Quasimodo's Dream) - песна од истоимениот албум на австралиската поп-рок група „Рилс“ (The Reels) од 1981 година.[2]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ "Real-life Quasimodo uncovered in Tate archives", Roya Nikkhah, The Daily Telegraph, 15 Aug 2010
- ↑ The Reels - Quasimodo's Dream (1981) - YouTube (пристапено на 28.9.2017)