Кашмир е име за волна од кашмирска коза, високо ценет во текстилната индустрија. Се користи пофиното и помеко подвлакно, така што горниот слој на влакна, кои се поостри и со послаб квалитет, мора прво да се отстранат. [1]

Кашмирски шал

Кашмирот спаѓа во квалитетни, меки влакна. Облеките направени од него се исклучително топли. Особено популарни се шаловите од кашмир. Кашмирската волна е една од најлуксузните и најскапите природни ткаенини, а поради своите корисни и естетски својства е еден од најбараните материјали. Производите од кашмирска волна се многу нежни, меки, пријатни на допир и носење. Џемперите од кашмир многу подобро загреваат од џемперите со слична дебелина, изработени од овча волна. Облеката од кашмир ја задржува својата форма, не се растега, не ја менува бојата при перење и со соодветна грижа може да трае многу години. [2] [3]

Најголеми светски производители на кашмир се Кина, Монголија, Индија, Пакистан, Иран, Авганистан, Турција и земјите од Централна Азија.

Пашмина кози, Ладах, Индија

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Da li znate razliku između kašmira i vune?“. zenskimagazin.rs. Посетено на 25. 2. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. GREŠA, PETER. „Kašmir - osnovne informacije“. kasmir.rs. Посетено на 25. 2. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Što je kašmir?“. dzemperodkasmira.com. Посетено на 25. 2. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)