Кафер ага (Истанбул)

Кафераѓа (турски:Caferağa ) е поранешна медреса која се наоѓа во Фатих, Истанбул, Турција. Објектот бил изграден во 1559 година, во времето на Сулејман Величествениот по наредба на Кафер ага, а нејзин архитект е Синан. Се наоѓа блиску до Аја Софија.

Кафераѓа
Caferağa
Дворот на Каферага
Карта
Општи податоци
СтилБарок, Османлиска архитектура
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната1559
НарачателОсманлиски султани
Проектирање и изградба
АрхитектСинан

Медресата во текот на својата историја била на неколкупати реновирена, а за последен пат во 1989 година кога била преименувана во туристички центар со 15 училници или изложбени салони, еден голем салон и градина.