Дисанска Река
Дисанска Река — река во средишниот дел на Македонија која тече во Тиквешијата и претставува десна притока на Вардар.
Дисанска Река | |
---|---|
Мовче на Дисанска Река во селото Долни Дисан | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Витачево |
• надм. вис. | 820 м |
Устие | |
• место | Вардар кај Тремник |
• координати | 41°27′23″N 22°10′22″E / 41.45639° СГШ; 22.17278° ИГД |
• надм. вис. | 122 м |
Должина | 17 км |
Големина на сливот | 29 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар → Егејско Море |
Речен слив | Вардар |
Течение
уредиИзвира од еден силен и непресушен извор на висорамнината Витачево на надморска височина од 820 метри во долот веднаш непосредно јужно над самото Горни Дисан. Од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Во горното течени тече кон север, а во средното течение тече спрeма североисток помеѓу ридовите Венец од десната и Орле од левата страна до селото Долни Дисан, а потоа свртува кон југоисток и во Вардар се влева на кота од 122 метри надморска височина, источно од селото Тремник[1].
Хидрографски и водостопански одлики
уредиДисанска Река тече во должина од 17 километри и зафаќа сливна површина од 29 км2[1]. Извирајќи на 820 и влевајќи се во Вардар на 122 метри надморска височина таа има релативен пад од 41‰[1]. Поради варовничкиот состав на карпите во нејзиниот изворишен дел водата од Дисанска Река се одликува со голема чистина и добар квалитет за пиење. Затоа од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Над селото Горни Дисан крај изворот на реката во месноста наречена Брегот, во околината на изворот постои чешма кој се напојува со вода директно од планината Кожуф. По средното и долното течение на реката во селата Долни Дисан и Тремник нејзината вода се користи за наводнување на бавчите и градините насадени со домат, пиперки, краставици во дворовите како и на лозјата, а од нејзините води се напојува и добитокот.
Галерија
уреди-
Дисанска Река на влезот на Горни Дисан
-
Дисанска Река низ Долни Дисан
-
Дисанска Река низ Долни Дисан
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Риболовна основа за „Слив на Вардар - Долно течение" за периодот 2011 - 2011, стр. 3“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2015-06-05.
Надворешни врски
уреди- Дисанска Река на Ризницата ?