Катедрала (расказ)

Катедрала е расказ од американскиот писател Рејмонд Карвер. Оригинално, расказот бил објавен во 1983 година, во истоимената збирка раскази, додека на македонски јазик тој е објавен на во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршила Весна Петревска.

Содржина

уреди

Едно семејство очекува посета од слеп човек (Роберт) за кого своевремено работела жената. Потоа, во текот на годините, жената се допишувала со слепиот човек со посредство на касети. Мажот не е воодушевен од посетата, но жена му инстистира тој да биде љубезен кон гостинот. По обилниот ручек, жената задремува на каучот, па така двајцата мажи остануваат сами. Во тие мигови, на телевизија се прикажува емисија за европските катедрали и Роберт бара од мажот да му ги опише катедралите. Мажот не е вешт во раскажувањето, па Роберт му предлага да земе лист хартија и да се обиде да нацрта катедрала. Следејќи ги инструкциите на Роберт, мажот успева да нацрта прецизна скица на катедрала.[1]

Наводи

уреди
  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 227-249.