Катедрала „Св. Мајка Тереза“ - Приштина

Катедралата „Св. Мајка Тереза“ (албански: Katedralja e së Shën Nënë Tereza në Prishtinë, српски: Katedrala Majke Tereze u Prištini / Катедрала Мајке Терезе у Приштини) — римокатоличка катедрала која се наоѓа во Приштина, Косово. Во 2007 година, Владата на Косово ги одобрила плановите за изградба[1]. Катедралата е посветена на римокатоличката калуѓерка и мисионерка, Мајка Тереза.

Катедрала „Св. Мајка Тереза“
Карта
42°39′23″N 21°09′34″E / 42.65639° СГШ; 21.15944° ИГД / 42.65639; 21.15944
МестоПриштина
ЗемјаКосово
ВероисповедРимокатоличка црква
Историја
Посветена наМајка Тереза
Архитектура
Удрен темел2007
Управа
ЕпархијаПризренска апостолска администратура

Историја

уреди

Пуштањето на катедралата церемонијално ја отворил поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова, кој и самиот бил муслиман[2]. На почетокот од церемонијата била благословена водата на влезот во катедралата, а потоа поворка предводена од кардиналот Симони влегла во катдралата, каде што следувал верскиот обред на осветување, а била извршена и причест.

Истата била инаугурирана на 26 август 2010 година, по повод од стогодишнината од роденденот на Мајка Тереза, пред да биде завршена изградбата.[3]. Изградбата, која започнала во 2011 година, предизвикала контроверзии во муслиманските кругови, со оглед на малиот број католици во областа[4].

По завршувањето на катедралата, таа ќе биде една од највисоките згради во Приштина[5] right|thumb|200px. Во катедралата во јануари 2015 година се одржала изложба за споделената историја на Албанците и Австрија. На изложбата присуствувале претседателот на Косово, Атифете Јахјага и австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц[6].

Се проценува дека катедралата, која сè уште не е целосно завршена, ќе чини 1,28 милиони долари. Кулите на катедралата, по завршувањето, треба да бидат високи 70 метри[7].

Наводи

уреди
  1. „Kosovo Catholics plan cathedral to honour Mother Teresa“. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 2018-05-13.
  2. „New Cathedral Symbolises Catholic Rebirth in Kosovo“. BIRN Kosovo. 6 September 2007. Архивирано од изворникот на 11 December 2011.
  3. „Kosovo: Neue Mutter-Teresa-Kirche eingeweiht“. DiePresse.com (германски). 6 September 2010. Посетено на 22 March 2015.
  4. Petrit Collaku (26 May 2011). „Kosovo Muslims Resent New Mother Teresa Statue“. Balkan Insight. Посетено на 5 September 2016.
  5. In Pristina's old Ottoman mosque, Muslims gather for prayers[мртва врска]
  6. Kryeziu, Visar (19 January 2015). „Kosovo president Atifete Jahjaga, right, joined by Austrian Foreign Minister Sebastian Kurz, ...“. Yahoo News. AP News. Посетено на 22 March 2015.
  7. https://www.slobodnaevropa.mk/a/2149108.html