Катедрала Свети Винко Паулски (Тунис)
Катедралата Свети Винко Паулски ( арап. كاتدرائية القديس فنسون دو بول بتونس هي , француски: Cathédrale Saint-Vincent-de-Paul de Tunis) е римокатоличка црква лоцирана во Тунис, Тунис. Катедралата е посветена на Свети Винко Паулски, заштитник на добротворството.
Катедрала Свети Винко Паулски | |
---|---|
Фасадата на катедралата | |
Основни податоци | |
Место | Тунис, Тунис |
Координати | 36°48′0″N 10°10′44″E / 36.80000° СГШ; 10.17889° ИГД |
Припадност | Римокатоличка црква |
Обред | римокатолички |
Митрополија | Архепископија на Тунис |
Духовно-организациски статус | Катедрала |
Статус | Активна |
Водство | Архепископ Николас Лерноулд[1] |
Мреж. место | diocesetunisie.org |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква |
Архитектонски стил | Неомаварска архитектура, Неоготска архитектура, Неовизантиска архитектура |
Поставен темел | 1890 |
Завршен | 1897 |
Опис
уредиКатедралата е епископско седиште на Архиепископијата на Тунис и се наоѓа на Плоштадот на независноста во Вил Нувел, раскрсница помеѓу Авенијата Хабиб Бургиба и Авенијата де Франс, наспроти француската амбасада.
Црквата е дизајнирана од Л.Бонет Лабранш, и претставува микс на стилови, вклучувајќи Неомаварска архитектура, Неоготика, и Неовизантиска архитектура. Темелите биле поставени во 1890 година,а изградбата започнала во 1893. Црквата била отворена за Божиќ во 1897 година, но без нејзината камбанарија поради недостиг на финансиски средства. Армирано-бетонските кули биле завршени во 1910 година користејќи хенебикова техника.
Кардиналот Чарлс Лавигери го поставил првиот камен-темелник за црква на 7 ноември 1881 година, малку подалеку од авенијата де ла Марин (сега Авенија Хабиб Бургиба). Оваа катедрала била про-катедрала ; односно катедралата на надбискупијата. [2] Про-катедралата била изградена брзо, но нејзината состојба набрзо се влошила поради неповолните услови во земјата, поради што била потребна изградба на сегашната катедрала.
Бројот на римокатолиците во Тунис брзо се намалил по независноста на Тунис од Франција. Модус вивенди постигнaле Република Тунис и Ватикан во 1964 година кој резултирал со трансфер на избрани згради во сопственост на туниската држава за јавна употреба, вклучувајќи го и Акрополот Картагина во Картагина. Сепак, катедралата Свети Винко Паулски останала во сопственост и функционирање на Римокатоличката црква во Тунис.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Cathedral of St. Vincent de Paul, GCatholic.org
- ↑ O'Donnell, Joseph Dean (1979). Lavigerie in Tunisia : the interplay of imperialist and missionary. Athens: University of Georgia Press. ISBN 978-0-8203-0456-4.