Каролинка
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Род: Шумски патки
Вид: Каролинка
Научен назив
Aix sponsa
(Linnaeus, 1758)
Распространетост на каролинката
  Сезона на парење
  Цела година
  Презимување
Мажјак во профил

Каролинка, каролинска патка или шумска патка (научAix sponsa) — вид патка од родот шумски патки (Aix) од Северна Америка. Важи за една од пошарените барски птици на континентот.[2][3] Може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[4]

Опис

уреди

Каролинката е средна патка по големина. Типичниот возрасен мажјак е долг 47-54 см, со распоин на крилјата од 66-73 см. Ова е околу три четвртини од должината на дивата патка (Anas platyrhynchos). Припаѓа на истиот род како азиската патка мандаринка (Aix galericulata).[2]

Возрасниот мажјак има карактеристично светкаво повеќебојно перје и црвени очи, со изразена бела црта по вратот. Женката е помалку шарена, има бел прстен околу окото и белузлав врат. Двата пола имаат пувки на главата.

Мажјакот се огласува со извишувачки свиреж џииииии, додека пак женката оддава има извишувачки писок, ду уип, ду уип, а кога е во тревога извикува гласно кр-р-ек, кр-р-ек.[5]

Поведение

уреди

Каролинките се размножуваат во шумовити мочуришта, плитки езера, блата или езерца и потоци во источниот дел на Северна Америка, западното крајбрежје на САД и западно Мексико. Обично се гнездат во шулини на трупови блиску до вода, но и во птичарници во барски резервати, ако ги има. Женките ги обложуваат гнездата со пердуви и други меки материјали, а висината овозможува извесна заштита од грабливци.[6] За разлика од највеќето други патки, каролинката има остри канџи со кои се сместува на дрва. Во јужните предели несе по две легла во една сезона — единствена меѓу сите патки во Америка.[5]

Женките несат по 7 до 15 светлокафеави јајва и ги квачи околу 30 дена.[5] Меѓутоа, ако гнездилата им се преблиску, женките знаат да несат јајца во гнездата на соседните патки. Ваквите пренатрупани гнезда можат да имаат по 30 јајца и да не се испилат успешно.[7]

Откако ќе се испилат, пајчињата скокаат од дупката и се упатуваат кон водата. Мајката ги повикува, но воопшто не им помага.[6] Претпочитаат да се гнездат над вода, со цел да им се омекне падот на младите, но знаат да се гнездат до 140 м од брегот. Следниот ден по испилувањето, младите се прекачуваат и скокаат на земја. Со тоа пајчињата веќе можат да пливаат и да се хранат сами.

Овие птици се хранат прпелкајќи се во водата или одејќи на земја. Јадат претежно бобинки, желади и семиња, но се хранат и со инсекти, што значи дека се сештојади.[6]

Распространетост

уреди

Каролинката живее преку целата година во делови од јужниот ареал, додепа пак оние на север се презимуваат на југ,[8][9] по алтантското крајбрежје во јужните САД. Околу 75% од каролинките во тихоокеанската летна патека се непреселни.[9] Постоајт и помали населенија во Велика Британија и Ирска, претежно развиени од единките во сопственост на одгледувачи.

Заштита

уреди

Каролинката била во голема опасност од исчезнување кон крајот на XIX век поради огромната загуба на живеалиштата и масовното ловење заради месото и украсните пердуви кои оделе на европскиот пазар. Со повелбата за заштита н аптиците во 1916 и донесувањето на соодветниот закон во 1918 г., бројот на единки почнал полека да се зголемува. Поголем чекор во оваа насока бил и воведувањето на птичарниците за гнездење во 1930-тите.[10]

Свој придонес за опоравувањето на видот имал и повратокот на канадскиот дабар во ареалот на каролинката, кој гради брани каде патките живеат.[9]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Aix sponsa. IUCN Red List. Version 2014.3. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 1 December 2014.
  2. 2,0 2,1 „Wood Duck“. All About Birds. Cornell Lab of Ornithology. Посетено на 9 July 2010.
  3. Dawson, William (2007). Neher, Anna (уред.). Dawson's Avian Kingdom Selected Writings. California Legacy. стр. 37–38. ISBN 978-1-59714-062-1.
  4. „Каролина патка“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-02. Посетено на 2 мај 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Wood Duck“. Ducks Unlimited Canada. Архивирано од изворникот на 2015-03-11. Посетено на 1 December 2014.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Wood Duck Fact Sheet, Lincoln Park Zoo“. lpzoo.org. Архивирано од изворникот на 2015-12-20. Посетено на 24 August 2013.
  7. „Wood Duck (Aix sponsa) Dump-Nests“. Northern Prairie Wildlife Research Center. Посетено на 13 January 2012.
  8. „Wood Duck“. [Hinterland's Who's Who http://www.hww.ca/en/]. Архивирано од изворникот на 2014-12-23. Посетено на 1 December 2014. Надворешна врска во |website= (help)
  9. 9,0 9,1 9,2 „Wood Duck“. BirdWeb: The Birds of Washington State. Seattle Audubon Society. Посетено на 9 July 2010.
  10. Wood Duck (Aix sponsa) (PDF) (Report). USDA Natural Resources Conservation Service. Посетено на 9 July 2010.

Надворешни врски

уреди