Карлсон од покривот
Карлсон од покривот или Карлсон кој живее на покривот (шведски: Lillebror och Karlsson på taket) - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, првобитно објавена во 1955 година.
СодржинаУреди
Повеста се состои од следниве глави:[1]
- Карлсон што живее на покривот
- Карлсон гради кула
- Карлсон си игра на шатор
- Карлсон се обложува
- Палавштините на Карлсон
- Карлсон - сениште
- Карлсон игра на сцена со дресираното куче Алберг
- Карлсон на роденден
Изданија на македонски јазикУреди
Повеста „Карлсон од покривот“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Повести за Карлсон“ која ги содржи трите повести. Книгата е издадена како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“, а преводот од руски јазик го направил Евтим Манев. Автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[2]