Карингтон (филм)
британско-француски филм
Карингтон (англиски: Carrington) — британско-француски филм од 1995 година, во режија на Кристофер Хемптон. Главните улоги ги толкуваат: Ема Томпсон и Џонатан Прајс.
Содржина
уредиФилмот е снимен според вистинската приказна за чудната љубовна врска меѓу две невообичаени личности во времето на викторијанска Англија - сликарката Дора Карингтон (ја игра Томпсон) и писателот Лајтон Стречи (го игра Прајс). Кога ќе го запознае Стречи, Дора е млада сликарка, членка на групата „Блумзбери“. Лајтон, кој е хомосексуалец, пред да ја запознае Дора, мислејќи дека таа е машко, се распрашува за „згодното момче“, по што дознава дека таа е жена. Нивната врска е против сите правила на тогашното општество.[1] [2]