Камењански Водопади

водопади близу Камењане, Општина Боговиње

Камењански Водопади ― низа на водопади на шарпланинската Камењанска Река, над селото Камењане.

Камењански Водопади
Карта
МестоКамењанска Река, Шар Планина (близу Камењане)
Надм. висина700 до 1000 м
Слапови9
Највисок слап12,5-13 м

Особености

уреди

Поконкретно, станува збор за девет поголеми (високи од 3 до 12,5-13 м) и бројни помали водопади кои скалесто се редат еден над друг, во должина од 1,5 км.[1] Осумте водопади на Камењанска Река се различни според височината и широчината. Највисокиот водопад е седмиот, кој изнесува околу 12,5 м.[2]

Водопадите имаат тектонско (раседно) потекло, со оглед на тоа што се протегаат покрај доминантниот расед кој ја одделува Шар Планина од Полошко Поле. Освен раседната предиспозиција, водопадите имаат и ерозивен карактер, со оглед на различната отпорност на мезозојските шкрилци и дијабази кои овде наизменично се сменуваат. Така, реката побрзо ги еродирала шкрилците во однос на дијабазите, создавајќи скокови т.е. водопади.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Ивица Милевски; Бојана Алексова (9 ноември 2021). „Водопадите на Камењанска Река – извонредна природна атракција на Шар Планина“. igeoportal.net. Архивирано од изворникот 2022-09-20. Посетено на 20 септември 2022.
  2. Дарко Оносимоски (14 ноември 2021). „Патопис: Водопадите на Камењанска Река“. fakulteti.mk. Посетено на 20 септември 2022.

Надворешни врски

уреди