Камењанска Река
река која извира од Шар Планина
Камењанска Река — река која извира на Шар Планина, југозападно од Тетово, поминува низ селото Камењане и се раводнува низ полето, а при висок водостој се влева во Вардар.[1]. Од оваа река произлегуваат Камењанските Водопади.
Камењанска Река | |
---|---|
Реката над Камењане | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | Карабунар, Шар Планина, Македонија |
• надм. вис. | 2000 м |
Устие | Вардар, Македонија |
Должина | 9 км |
Особености на сливот | |
Знаменитости | Камењански Водопади |
Течение
уредиКамењанска Река извира од шарпланинскиот врв Карабунар на надморска височина од 2.000 метри. Реката настанува со спојување на Ситничка и Виошанска Река. Спојот на двете реки се случува кај селото Јеловјане. По спојувањето на реките, реката тече низ клисура каде што реката на релативно кратко растојание има значителен пад од 400 м.[2] Тој стрмен пад ги создава Камењанските Водопади кои се низа на девет водопади кои течат над селото Камењане.[3]
Наводи
уреди- ↑ Илија Петрушевски - Благоја Маркоски, Реките во Република Македонија, стр. 20.
- ↑ д-р Ивица Милевски; Бојана Алексова (9 ноември 2021). „Водопадите на Камењанска Река – извонредна природна атракција на Шар Планина“. igeoportal.net. Архивирано од изворникот 2022-09-20. Посетено на 20 септември 2022.
- ↑ Дарко Оносимовски (14 ноември 2021). „Патопис: Водопадите на Камењанска Река“. fakulteti.mk. Посетено на 20 септември 2022.