Камасински јазикуралски јазик, дел од подгрупата на самоједски јазици. Во рамките на самоједските јазици, најчесто камасинскиот се групира со маторскиот и селкупскиот јазик. Јазикот имал два дијалекта, камасински и којбалски. Јазикот сосема исчезнал во 1989 година со смртта на последниот говорник, Клавдија Плотникова. Камасинскиот се зборувал во Русија, источно од Урал, од Камасинците. Денес Камасинците се русизирани. Јазичарите забележале околу 1500 збора од јазикот.

Камасински јазик
Застапен воРусија
НародКамасинци
Изумрен1989, со смртта на Клавдија Плотникова
Јазично семејство
уралско
Јазични кодови
ISO 639-3или:
xas — камамсински и којбалски
zkb — којбалски
Linguistzkb
Семејство Камаси во село Абалаково
Камасински јазик

Наводи уреди

  • Britannica, 1984 Edition, Vol. 18, p. 1025
  • Wixman, Ronald. The Peoples of the USSR. p. 109

Надворешни врски уреди