Калокир Делфина
Калокир Делфина — византиски генарал и катепан, кој подоцна се побунтувал против царот Василиј II (976–1025) и бил погубен.
Животопис
уредиАнтипат и патрициј Делфина бил потомок на моќното анадолско семејство Фоки и нам моќниот главен министер на Византија minister of the Byzantine Empire, the паракимомен Василиј Лакапин, кој му го обезбедил местото катепан (постар воен владетел) на јужна Италија во 982 година.[1] Делфина на оваа позиција останал сè до 985 година, и го надгледувал подобрувањето на византиската состојба на полуостровот, помогнат од среќни околности: царот на Светото Римско Царство Ото II (967–983) бил поразен во Битката кај Стило и починал наредната година во 983 година, додека пак арапите имале други проблеми. Па така Делфина успеал да ја консолидира контролата над Лангобардија, заземајќи го Асколи во декември 982 година.[2]
Неколку години подоцна, Делфина се придружил на бунтот на Варда Фока Помладиот против царот Василиј II, и ја командувал бунтовничката армија која се влогорила во Хрисополис, спроти главниот град на Босфор, Цариград. Таму, при крајот на 988 или на почетокот на 989 година, тие биле нападнати од Василиј II со византиски и варјашки единици и биле поразени.[3] Делфина бил заробен и погубен со распнување или пак со наденување, необично сурова казна која била предупредување за останатите побунети генерали, се зборувало дека покрај овој генерал уште еден бунтовнички генерал бил бил погубен за време на граѓанската војна, но и за тоа тврдење на постојат доволно докази. Столб бил издигнат на местото на погубување на Делфина, кој опстојал сè до XI век.[4]
Наводи
уреди- ↑ Vlysidou 2005, стр. 122 .
- ↑ Vlysidou 2005, стр. 125–126 ; Holmes 2005, стр. 507 .
- ↑ Holmes 2005, стр. 246, 460 .
- ↑ Holmes 2005, стр. 267 .
Извори
уреди- Holmes, Catherine (2005). Basil II and the Governance of Empire (976–1025). Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-927968-5.
- Vlysidou, Vassiliki (2005). Η πολιτική του Βασιλείου Λακαπηνού έναντι της Δύσης. Byzantine Symmeikta (грчки) (17): 111–129. ISSN 1105-1639. Архивирано од изворникот на 2016-01-31. Посетено на 2015-08-07.