Василиј Лакапин (925 - 985)[1]паракоимомен на Византија од 945 до 985 година.

Тој бил незаконски син на царот Роман I, и бил кастриран како млад.

Во 945 година, во периодот кога неговиот татко бил соборен, Василиј бил назначен за паракоимомен на царот Константин VII, неговиот зет.[2][3] Тој го задржал ова место за време на владеењето на Роман II, Никифор II, Јован I.

Како главен на царската администрација, насобрал огромно богатство. Наводно, ова довело до заострени односи со Јован I кратко пред неговата смрт во 976 година. Според некои извори, Василиј го отрул царот.

Продолжил да работи на истата позиција и на почетокот на владеењето на Василлиј II но во 985 година младиот цар - сакајќи да ја води самиот владата откако истата била водена од регенти триесет години - го обвинил за сојужништво со Варда Фока и го отстранил Всилиј. Сите негови земји и поседи биле запленети и сите закони донесени во неговиот период биле прогласени за неважечки. Василиј лакапин бил протеран и по кус период починал во прогон.

Наводи

уреди
  1. "Basil The Nothos" in Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, New York & Oxford, 1991, p. 270. ISBN 0195046528
  2. John Julius Norwich, Byzantine: The Apogee, New York, Alfred P. Knopf, 1992, p. 167.
  3. Ring of Basil Lekapenos bearing his seal as parakoimomenos. schlumberger.126 (http://medaillesetantiques.bnf.fr/ark:/12148/c33gbrsgh), Gustave Schlumberger collection, BnF