Калифорниски кактус
Калифорниски кактус | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | растенија |
Нерангирано: | скриеносеменици |
Нерангирано: | евдикоти |
Нерангирано: | јадрени евдикоти |
Ред: | каранфиловидни |
Семејство: | кактуси |
Потсемејство: | кактусовидни |
Племе: | кактусовидни |
Род: | ферокактуси |
Вид: | F. cylindraceus |
Научен назив | |
Ferocactus cylindraceus (Енгелман) Оркут | |
Синоними | |
Echinocactus viridescens var. cylindraceus Енгелман |
Калифорнискиот кактус (Ferocactus cylindraceus) е кактус од видовите на ферокактуси. За првпат бил опишан од Георг Енгелман во 1853.[1]
Распространетост
уредиКактусот го има во пустината Мохаве и Соноранската пустина во Калифорнија, Невада, Аризона и Јута в САД. Исто така го има и во пустините во Мексико блиску границата со САД.[2][3] Расте во карпести и сушни предели на предели до 1500 метри надморска висина.[4]
Опис
уредиКалифорнискиот кактус е најчесто цилиндричен или сферичен. Некои постари примероци може да нараснат во вид на столб до 2 метри во висина. Кактусот е прекриен со долги боцки, кои се прави и црвени додека се млади. Подоцна стануваат закривени и сиви..[5] Кактусот има виолетови или темноцрвени цветови со жолта внатрешност. Плодовите се жолти и месести.
Подвидови
уредиКонзервација
уредиПоради својата скулптурна форма и убави квалитети, иако е доста чест кактус, тој е под закана од колекционерите на растенија.[4] Во пустинските предели кактусот го губи хабитатот бидејќи се градат сончеви градини и ветерници.
Галерија
уреди-
Цвет во Кањон Палм, Калифорнија
-
Калифорниски кактус во Национален парк Џошуа Три
-
Невообичаен облик на кактусот
Наводи
уреди- ↑ Anderson, Edward F. (2001). The cactus family. Timber Press. стр. 327. ISBN 0-88192-498-9. Посетено на 28 August 2010.
- ↑ CalFlora Database: Ferocactus cylindraceus . accessed 4.1.2013
- ↑ CalFlora Database: Distribution Map (in California)
- ↑ 4,0 4,1 Jepson . accessed 4.1.2013
- ↑ Flora of North America . accessed 4.1.2013
- ↑ USDA: Ferocactus cylindraceus var. cylindraceus
- ↑ Jepson: Ferocactus cylindraceus var. lecontei
- ↑ USDA: Ferocactus cylindraceus var. lecontei